Првиот човек на обвинителството Љубомир Јовески ставил потпис на актот со кој е повлечена жалбата за притвор на Сашо Мијалков. Оваа одлука е донесена во момент кога полицијата го бараше Мијалков.
Но, Јовески, како што пренесува Тв24, остава простор да се промени ваквата мерка откако ќе биде изречена пресудата во петок.
На прашањето зошто Обвинителството не побара притвор уште еднаш кога поранешниот шеф на УБК сам се појави, Јовески вели:
„Жалбата е повлечена оти во тој момент решението за куќен притвор не може да се ефектуира со оглед дека обвинетиот бил во бегство. Обвинителството досега нема побарано измена на мерката куќен притвор со потешка мерка со оглед на тоа што се оценува дека и со оваа мерка се обезбедува присуство, а во петок е објавувањето на пресудата ќе се разгледуваат мерките за присуство на обвинетиот“.
За потсетување, по дводневна сага, Сашо Мијалков вчера сам се пријави во Обвинителството за организиран криминал и нешто повеќе од 24 часа е веќе во домашен притвор.