Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јулијана Хоџа, Тирана: Употреба на имотот на организираниот криминал во корист на општеството

0
By Нова ТВ on April 12, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Јулијана Хоџа

Социјалното претприемништво во Албанија главно се развиваше по 2011 година. Започна со јавна дебата за оваа форма на економска организација со социјална цел. Дебатата беше иницирана од спроведувањето на Иницијативата за социјален бизнис од страна на Европската унија, вклучувајќи го и Западен Балкан.

Партнерот „Албанија за промени и развој“ (Shqipëri për Ndryshim dhe Zhvillim), како организација што го поддржуваше социјалното претприемништво, имаше можност да биде сведок на некои од случувањата во таа смисла.

Како сектор кој сè уште се формира, без поддршка од сопствената држава, тој страда од тотален недостаток на официјални податоци. Правната рамка што започна во 2016 година и беше завршена во 2019 година, отвора прашања околу организацијата и функционирањето на социјалното претприемништво. Нуди минимум стимулативни мерки, кои дури и не се спроведени, па дури ни ова не даде никакви резултати.

Без оглед на ова, нашите студии покажуваат дека социјалното претприемништво се шири. Тирана останува најголемиот и најважниот центар. Околу 40% од претпријатијата се занимаваат со интеграција на маргинализираните заедници; 31% го поддржуваат интересот на работниците, земјоделците или занаетчиите преку обезбедување пристојни плати; останатите 24% од социјалните претпријатија нудат социјални услуги. Се фокусираат главно на невработените, младите, жените, лицата под нивото на сиромаштија и на ромската заедница.

Најголемиот дел од социјалните претпријатија имаат пет вработени, иако има мал дел од нив со повеќе од 16 вработени. Имајќи ги предвид целите и функциите, местата каде што дејствуваат и заедниците на кои им служат – вредностите и потенцијалите на овие претпријатија остануваат високи. Особено во ова тешко време на пандемија, кога без оглед што социјалното претприемништво не беше вклучено во шемите за примање помош од страна на државата, голем дел од нив не престанаа со своите активности, иако ги намалија.

Социјалното претприемништво нуди витални услуги за многу социјални категории кои не добиваат внимание од јавните служби, вклучително и услуги за рехабилитација од сите форми, психо-социјално советување, услуги за поддршка на заедниците кои имаат потреба од нив, поддршка на активностите за интеграција во работата. Благодарение на поддршката од странските донатори, социјалното претприемништво брзо ги прилагоди своите услуги во онлајн форма.

Важен напредок и иновација во претприемништвото претставува корисната употреба на конфискуваните имоти од организираниот криминал. Ова е нова практика за Западен Балкан, воведена и развиена во Албанија пред три години од „Партнери Албанија“, а поддржана од Делегацијата на Европската унија во Албанија. Првите три социјални претприемништва се основани во три различни градови во земјата, сите на имоти одземени од организираниот криминал. Тие сега служат како мали економии за производство на слатки или на занаетчиски работи. Има вработени млади луѓе, како и жени кои биле жртви на семејно насилство. Оваа успешна практика се шири и во други имоти во другите градови, придружена со позитивниот развој на законодавниот дом во оваа смисла. Во ваков случај, вредноста на социјалното претприемништво ги надминува споменатите погоре, што ги прави директни соработници во зајакнувањето на владеењето на правото и ангажманот на заедницата.

За да не се изгуби овој момент на развој на социјалното претприемништво, важно е поддршката да расте. Потребата од регионална соработка, пристап до пазарот и нови извори на финансирање е итна. Оваа потреба беше објавена во DuaPartnerInvest, платформа за регионална соработка која има за цел привлекување инвестиции и специјална помош за претприемништво на Балканот.

Иднината на претприемништвото е длабоко поврзана со регионалната соработка, како и во многу други делови на економијата. Со високи интереси на актерите на Балканот и зголемена поддршка од приватни и јавни актери, социјалното претприемништво, без оглед на тешкотиите во растењето, се очекува да има многу важен напредок.

 

Јулијана Хоџа е директорка на „Албанија за промени и развој“ од основањето на организацијата.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

ВЕСТИ November 2, 2025

Утрово во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето…

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.