Ангела Меркел, Франсоа Оланд, Доналд Туск и Алексис Ципрас постигнаа договор за спас на Грција. Овој текст ќе им биде презентиран на лидерите на еврозоната кои ќе треба да год адат нивното зелено светло за спроведување на договорот.
Во овој договор две важни прашања остануваат отворени. Тоа е учеството на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во новата програма за помош на Грција и креирање на фонд од 50 милијарди евра на грчки активи како гаранција на спроведувањето на приватизациите. Овие две идеи беа отрфлени од страна на Атина. Почетниот договор предвидуваше овој фонд да биде во Лусекмбург но на грчко инсистирање тој фонд ќе биде во Грција.
По 17 часовните преговори во Брисел, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека се борел за што подобар договор и успеал да добие реструктурирање на долгот и финансирање на среден рок.
«Денешната одлука и дозволува на Грција за ги сочува условите за финансиска стабилност. Програма за развој од 35 милијарди евра и реструктурирање на долгот ќе им стават на знаење на финансиските пазари дека Грексит повеќе не е на масата», изјави Ципрас веднаш по средбата во Брисел.
Накусо, Еврогрупата бара од Грција повеќе драконски мерки како напуштање на суверноста бидејќи Грција ќе мора своите нацрт закони да ги доставува во Европската комисија (ЕК), Европската централна банка (ЕЦБ) и ММФ пред да ги испрати на усвојување во својот Парлемент.
Земјата живее во моментов од итната помош на ЕЦБ. Грчките банки се затворени и капиталот е под контрола на ЕЦБ.
Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер утринава изјави дека станува збор за типичен договор на европски начин но додаде исто така дека “нема повеќе Грексит”.
Според Јерун Дејселблум, претседателот на Еврогрупата, новиот план за помош на Грција ќе изнесува 80 милијарди евра.
“25 милијарди евра ќе бидат употребени за рекапитализација на банките”, рече Дејселблум.
Според Меркел, Еврогрупата е подготвена на Грција да и даде поголем рок за репрофирлирање на долгот.
Во наредните денови Грците ќе треба да донесат нови закони што ќе треба да ги одобри Парламентот но исто така се очекуваат и акти.
Кога тоа ќе биде завршено, Еврогрупата ќе има нов состанок, најверојатно во среда, и тоа ќе биде знак за другите Парламенти да го усвојат договорот. Денес попладне ќе има нов состанок на Еврогрупата за да и се дозволи на Грција да издржи финансиски се додека договорот не почне да се спроведува.

