Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер и Меркел пред утрешниот мини-самит: Мораме да успееме!

0
By Светлана Јовановска on October 24, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На утрешниот мини-самит во Брисел посветен на бегалската криза и на кој беа поканети Србија и Македонија, можен е договор според кој земјите ќе се обврзат да не ги пуштаат бегалците во соседната земја доколку тоа не биде претходно договорено со соседот. Таквата политика за ЕУ не е прифатлива, вели предлогот на Европската комисија кој утре ќе биде на масата на самитот.

Ова денес го пишуваат германските медиуми. На утрешниот самит не се повикани сите земји членки на ЕУ туку само оние кои имаат најмногу проблеми со бројот на бегалците на нивните граници како Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија и Словенија.

Овој предлог што го објавуваат германските медиуми е дел од 16те мерки кои претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер им ги испратил на земјите членки поканети на мини-самитот.

Според Шпигел и Франкфуртер Алгемајне Цајтунг земјите треба да прифатат «да престанат да дозволуваат движење на бегалците кон границата на друга земја доколку нема договор со таа земја».

Според агенцијата АФП, Јункер вчера, за Функе-Медиагрупе, изјави дека германската канцеларка Ангела Меркел не треба да ја менува својата политика на прием на бегалците поради лошите анкети на јавното мислење кои тврдат дека нејзиниот рејтинг опаѓа.

Во Германија има се повеќе незадоволство поради политиката на Меркел кон бегалците а такви има се повеќе дури и во нејзините сопствени редови. Германија најави дека очекува помеѓу 800.000 и милион бегалци во 2015 година.

Според планот на ЕК кој беше договорен помеѓу земјите членки во септември, 160.000 бегалци треба да се поделат помеѓу земјите. Но, ЕК вчера рече дека досега земјите членки предложиле места за само 854 бегалци што е разочарувачки резултат.

Јункер во интервјуто го повтори слоганот на Меркел кој гласи «Мораме да успееме!» и рече дека тоа треба да биде слоганот на цела Европа.

Меѓународната организација за миграции објави вчера дека во Грција пристигнале 48.000 бегалци во последните пет дена. Тие доаѓаат преку Турција.

Анкара побара од ЕУ да ги исполни сите свои ветувања за помош. Во ветувањата се наоѓа помош од три милијарди евра но исто така ветување дека ЕУ ќе ги обнови преговорите со Турција за членство во ЕУ кои се под мраз. Анкара очекува остварување на ветувањето пред да почне да го применува планот кој треба да ги намали бројот на бегалци кои одат кон ЕУ.

Во Брисел се шпекулира дека извештаите за напредок за земјите од Балканот и Турција беа одложени токму поради значајната улога на Турција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.