Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јуратовиќ: Во затвор за корупција или злосторство не е исто

0
By Нова ТВ on June 20, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичките елити во Македонија, особено власта, мора да размислат во кој правец ја водат земјата. Ако продолжи неизвесноста можно е граѓанското движење да ослабне, но и ситуацијата да стане пожестока, предупреди на денешната дебата со претставниците на Шарената револуција германскиот пратеник и член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Јосип Јуратовиќ.

-Договорот и критериумите се јасни и вие сте во право треба да се спроведат, и тука некој ги одолговлекува во надеж дека ќе се изгубат нерви. Но, тоа губење на нерви може да оди во две насоки, едниот е навистина да не се оди на улица, а од друга, може да оди во спротивна насока и нема да водиме компромис туку ќе мора меѓународната заедницата да влезе со други структури и тоа мора да биде јасно и да се спречи. Затоа и реков, оние кои се политички одговорни, тие мора да знаат што се може да се случи и мене ми е потполно јасно да некој се плаши дека ќе одговара пред Судот.

Јас не можам да им помогнам, туку можам да им дадам навестување за размислување, за тоа ако веќе одат пред суд, за што ќе бидат обвинети, дали само за криминал или нешто повеќе, за што исто имаме искуство. Важно е и уште еден аспект бидејќи зборуваме за демократија што е со ВМРО, тие вчера славеа 26 роденден, веќе не се во пубертет, туку возрасна партија и прашање е дали таа партија е демократска или партија на клиентелизмот и тие мора како политичка опција тоа да го одлучат за себе и мислам дека треба да се разговара и со нив, бидејќи како и да се заврши сето ова, ВМРО ќе остане една партиска опција, порача Јуратовиќ .

Според него мора што поскоро да се создадат услови за фер избори,бидејќи кризата е предолга. Тој посочи дека правилата на игра се јасни и дека меѓународниот фактор може да посредува, но не и да преземе конкретни чекори.

-Мора да се создадат услови да може да се одржат нормални демократски избори по критериуми кои се познати. Во секоја земја има неправилности, тоа е познато, само некаде тие неправилности мора да имаат граница. Мислам дека критериумите се јасно поставени и мора да ги спроведете. Треба да се создадат услови за избори и тоа што поскоро. Што се однесува на надворешната политика, Германија е доста загрижена за оваа ситуација, бидејќи кризата се одолговлекува и загрижувачки е што не се наидува на решенија барем од една страна. Тоа чувство останува. Пред се, важно е да се каже дека оваа земја не сака да влезе како 17 земја во Германија  туку сака да влезе во Европската Унија, така да, се знаат точно правилата на игра во ЕУ и дали се отворени поглавјата или не, тоа не игра улога,  тие точно знаат како треба да го реформираат општеството и пред се едно од  клучните теми, независното судство и човековите права. За тоа не треба филозофија од Германија и ЕУ, тука се знае што треба да се сработи, рече Јуратовиќ.

Тој го спомена и фактот што освен еврокомесарот Хан, Германија испрати и специјален пратеник за Македонија, односно Јоханес Хајндл, што според него е јасен сигнал дека на Европа и е важно ситуациајта во Македонија да се реши.

Претставниците на Шарената револуција и движењето #Протестирам укажаа на потребата за присуство на граѓанскито сектор во политичките преговори за излез од кризата.

-Граѓаните преку учество во преговорите може да придонесат за транспарентноста која е ограничена, да се врши одреден мониторинг и да се артикулира и стручното мислење на дел од граѓанските организации, но и активистичките групи и граѓаните на улица кои имаат идеи. Да се нудат решенија за тоа како одредени проблеми да се надминат за кои политичките партии немаат идеи или не можат да постигнат договот и таа улога мора да ја игра тоа петто столче кое не е петта партија туку е пошироко граѓанско општество и ова е едно до луѓето кои протестираат на улиците. Суштината на излезот од кризата е на два правци, едниот е правниот, односно судскиот дел и политичкот.

Во судскиот деле  важно да се заштити работата на СЈО, бидејќи свесни сме дека е загрозена, треба да се направи и суд кој нема да суди по партиски диктат и конечно тоа да се комплетира, неопходно е МВР да биде надвор од сегашната контрола. Клучно е да има нова Влада, некаква преодна, најдобра варијанта е да биде експертска, која ќе има јасен мандат во оние точки каде што застана Пржино 1. Јасно е дека меѓународната заедница не може да ги донесе решенијата, но може да го донесе притисокот за оние кои го кочеа процесот на мирно излегување од оваа криза, рече Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

Учесниците во Шарената револуција посочија и на притисоците врз луѓето кои излегуваат на улица, за репресијата врз приватниот сектор и администрацијата  и побараа меѓународната заедница да лобира како веќе да е зовриена ситуацијата. Тие добија ветување од Јуратовиќ дека нивните предлози ќе бидат ставени во Извештајот кој тој го подготвува за земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.