Ве известуваме дека единственото официјално електронско гласило на Правениот факултет “Јустинијан Први” Скопје е Веб страницата www.pf.ukim.edu.mk и порталите поставени исклучиво на официјалната Веб страница на Факултетот.
Правниот факултет јавно се оградува од сите портали, профили на социјални мрежи (Facebook, Twitter, MySpace и др.) и други облици на електронско огласување кое неовластено, во име на Правниот факултет, лажно објавуваат содржини.
Правниот факултет не стои позади кои било објави и ставови кои што сопствениците на овие портали или профили ги заземаат и ги објавуваат.
При тоа, Правниот факултет ќе ги преземе сите законски расположливи мерки и средства за да се заштити од какви било повреди на угледот, честа и интегритетот на Факултетот од овакви неовластени портали и профили, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Правниот факултет “Јустинијан Први”.