Премиерот Никола Груевски денеска оди за Москва, каде што утре треба да потпише договор за гасоводот „Јужен тек“, што е втор негов обид за ставање потпис.
-Со склучување на договорот за Јужен тек, сите други натамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец, изјави Груевски.
Сепак, дополнително треба да се утврдува со кој крак Македонија ќе биде приклучена кон „Јужен тек“, дали преку Бугарија или Србија.
Тоа, според Груевски, ќе биде одлука на „Гаспром“, а не наша.
Ова е втор обид за ставање потпис за Јужен тек, после првиот, кога, иако беше најавено од Владата, на економскиот самит во Санкт Петербург на крајот на јуни, Македонија не го потпиша договор со Русија за вклучување кон овој гасоводен проект.