Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јужен тек: Изведувачот на гасификацијата во Македонија е под санкции на САД

0
By Сашка Цветковска on May 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарскиот весник „Капитал“ вчера објави дека сопственикот на фирмата „Строј трансгас“ која што треба да го гради гасоводот во Бугарија е под санкции во САД од средината на март годинава. Станува збор за истата фирма за која што македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакеивски во Јануари годинава најави дека доставила понуда за изградба на гасоводот Јужен ток во Македонија.

„Добиме договор од руската компанија, чекаме да го одобри Руската федерација, и некаде Фебруари, Март договорот со нив ќе биде потпишан“, изјави министерот Миле Јанакиевски на 5 јануари годинава.

Претходно, во јули минатата година вицепремиерот за финансии Зоран Ставревски во Москва потпиша меморандум за соработка со руската компанија Строј Трансгас.

Истовремено, вчера во Брисел имаше жестока средба помеѓа бугарскиот премиер Пламен Орешарски и Претседателот на Европската комисија Жозе Маунел Баросо на тема Јужен тек. На средбата Баросо му стави на знаење дека Бугарија ќе биде казнета од страна на извршните тела на ЕУ поради, според Комисијата, фаворизираниот договор со Гаспром за изградбата на гасоводот Јужен тек кој е во спротивност со регулативите на Европската унија. Информацијата за тоа дека сопственикот на фирмата „Строј трансгас“ е под санкции на САД излегоа во исто време додека Баросо и Орешарски разговараа, а на која што средба Орешарски го уверуваше Баросо дека Бугарија ќе ги почитува европските закони.

Македонија согласно обврските превземени со Договорот за стабилизација и асоцијација е должна да ги следи насоките на заедничката надворешна политика на ЕУ.

Мнозински акционер во оваа компанија е фирмата Волга Груп која е во сопственост на Генади Тимченко, кој се најде на листата со санкции на САД кон средината на март годинава. Се верува дека тој е еден шестиот најбогат човек во Русија, според магазинот Форбс, а е во многу блиски релации со претседателот Владимир Путин.

Вкупната вредност на договорот за градежни работи за гасоводот на бугарска територија изнесува 3.5 милијарди евра, од кои што 20 до 30% ќе одат кај бугарски фирми кои ќе се ангажираат како подизведувачи.

Во Македонија, според најавите на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски договорот со „Строј трансгас“ ќе чини 75 милиони евра.

Европа ја предупреди и Македонија за Јужен тек

Минатата година стигна предупрдување и за Македонија од страна на Европската енергетска заедница (ЕЕЗ) поради, како што велат, загриженост за усогласеноста на Меѓувладината спогодба за планираниот природен гас, со acqui-то на Енергетската заедница

„Проценката на Секретаријатот на ЕЕЗ е дека Меѓувладината спогодбатa не е во согласност со правилата на Спогодбата на Енергетската заедница, кои се однесуваат на распределување на трошоците, пристап на трети страни и утврдување на тарифата“, изјави во Декември 2013 Јанез Копач, директор на Секретаријатот на ЕЕЗ.

Овој договор предизвика и бурни расправии во македонскиот парламент. На седницата за ратификација на Спогодбата за соработка помеѓу Македонија и Руската Федерација опозицијата обвини дека овој договор скапо ќе ја чини Македонија и во контекст на евроинтеграциите, но и во финансиска смисла, бидејќи според нив, интересите на македонските граѓани остануваат комплетно незаштитени.

„Процесот на гасификација го следеа многу лажни ветувања и криминални активности, а ратификацијата е спротивна на законите. Со неа, на една компанија ќе и се овозможи да увезува по повластена цена, да добива јавни набавки по приоритет и сама да ја дефинира цената“, рече на седницата Јани Макрадули од СДСМ.

„Во договорoт се наведува при случаен спор дека нема да бидат надлежни македонските судови, туку ќе се формира меѓународен арбитрарен суд кој ќе ги решава споровите. Со тоа, но и со целокупниот текст на договорот, Македонија и нејзините граѓани стануваат заложници на една компанија во случајот „Гаспром“, изјави Марјанчо Николов од СДСМ.

Владините претставници на оваа седница ги отфрлија сите обвинувања на опозицијата како „тенденциозни„

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.