Бранко Тричковски: Додека Парламентот на Јужна Кореа се спрема да го разреши претседателот на државата, Парламентот на Северна Македонија се подготвува да го чуе првото обраќање на претседателката, со видлива непријатност и страв од очекуваната тортура од квазипрофесорското лигавење и неподносливиот солзотворен патос со кој од таканаречените национални интереси, првата жена ќе направи поплава во пленарната сала. Претседателката на Нашата земја нема потреба да прогласува вонредна состојба бидејки ние веќе сме во вонредна состојаба, но мачнината што ја предизвкува самата помисла на нејзиното обраќање, останува. Мало опуштање предизвикува љубопотството чива креација ќе носи. Но сите знаат дека тоа ќе биде возбудливо визуелно доживување. За секој случај, обезбедувањето веќе почна да дели голф обувки со шајки и моторџиски кациги, како минимум безбедносен стандард за пратениците во историската драма што ги очекува. Најсигурно, се разбира, е Силјановска да се следи на екраните во околните кафулиња или на обесените транзистори над тезгите на земјоделците на Зеленото пазарче.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.