Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде е новиот човек на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Биљана Секуловска on October 31, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Короната го запусти светот, ги зголеми стравувањата, ги разниша сите надежи и не затвори сите нас, она малку слобода што е изборена низ вековите. Но, каков апсурд, се чини дека ништо од тоа не е важно за македонската опозиција.

Секојдневните жалопојки и рецитации за давање на оставки на Филипче, Заев, Караџовски и кој уште не, ВМРО-ДПМНЕ ги меле секојдневно, опсесивно- компулсивно, хистерично и во серијал на панични напади, доволно параноични да станат загрижувачки.

Тоа се сервира по неколку пати дневно на менито на јавноста, без престан, без земање воздух, за да испари барем отровот кој се таложи, згуснува и ја напаѓа и најситната опозициска пора.

Доволно често и премногу долго траат тие беседи и млатења, сосема доволно што станува неподносливо, за да се затворат ушите и да се побегне во намрачниот дел од собата, за да исчезнат криците и врисоците. Едноставно, советите на службите задолжени за комуникација со јавноста, за ефектите и впивањето на тие пораки, можат слободно да се искинат во најмали парчиња, да се фрлат во најдлабоките околни јами, никој да не види и дознае, со каков дебакл се опслужува оваа партија.

Се разбира, нема дилема секако, никогаш не е лошо да се протестира силно, да се маршира со татнеж, да се митингува до последниот здив, да се  оспорува додека снема воздух, една влада, напротив.

Смисолот на една демократија започнува со сето ова и го одбележува токму така крајот на една власт. Конечно, така низ сторијата фунционира најдобриот досега систем, за жал, секогаш за жал на власта.

Но, опозицијата, особено партиската, во целиот тој фронт на борбата против една власт, мора да нуди решенија- анализирани, дебатирани, стручни и најдобри можни, за целото општество. Празните и  шупливи зборови, несериозни, недозреани обвинувања за наши и ваши доктори, тоа е нивната понуда, така тие замислуваат дека изгледаат системски и добро обмислени решенија, втемелени врз сериозни научни истражувања, како придонес во оваа борба. Таа борба би требало да биде заедничка, во која светот е впрегнат и мобилизиран, додека Мицкоски и неговите се однесуваат дека се сам, напуштен изолиран остров, каде исчезнува одговорноста, не постојат никакви обврски за нудење на сериозно издржани, научно втемелени здравствени, економски, образовни политики и решенија.

Вака, само ги расејуваат честичките, наместо да го параат воздухот и да го окупираат. Тие се раситнуваат и дисперзираат, се повеќе исчезнуваат, потонуваат и на крај исчезнуваат. Така избледува и се топи нивната моќ и влијание, така се разјадува и нивното партиско ткиво, за да дојде до точката на непостоење. Расколот и внатрешниот бес во оваа партија се продлабочува, но се уште е преслаб, се уште млак,  ситен и безначаен. Она што Груевски го започна, Мицкоски го продолжи, но човекот кој ќе стави точка на сето ова, никаде го нема.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.