Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде се делата на Славко Јаневски?

0
By Нова ТВ on July 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„За жал, освен „Шеќерна приказна“, во издавачките куќи не можеа да се најдат други дела од Јаневски. Се обратив до МАНУ, но и таму не располагаат со неговите дела, освен едно-две изданија и труд на академик Старделов посветен на творештвото на Јаневски,“, вели за Дојче веле, Роза Топузовска-Каровска, од кабинетот на градоначалникот на Центар, кога за потребите на новата читална ги побарала делата на Славко Јаневски.

Овој недостиг се случува во време кога од буџетот се одвојуваат големи финансиски средства за превод и печатење на странска научна литература, а домашните автори објавување на своите дела најчесто се упатени да ги реализираат преку спонзорства од приватни компании. Но, има моменти кога печатењето и не е најважно.

Писателот Ристо Лазаров, по одлуката на Комисијата за лустрација му напиша песна на Јаневски и ја прочита на неговиот гроб. Песната под наслов „Портокалов мрак“ деновиве е најчитаната содржина на социјалните мрежи.

„Гледам,
сношти биле тука
некои неканети
со црни ризи и лажни фенери
(од кори од скапани лубеници)
со суви глуждови и со празни черепи
– да ти ги гребат мртвите коски
да ти ја растревожат постелата
да ти ја оцрнат покривката.
Не знаат црнодушите
какви и колкави убоди од комарци
си истрпел на живо
и пак не ти молкнале
и извиците и лелекањата
оти никој поарно од тебе
во животецот не ја знаеше
убавината на болот“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.