Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кадровските смени одраз на политичкиот амбиент во државата

0
By Менче Атанасова Точи on September 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Оставки, смени на директорските позиции или политички реванишизам. Што се случува по локалните избори, пет месеци откако беа назначени новите градоначалници. НОВА се обиде да истражи дали има смени на раководните позиции во двете општини Центар и Охрид, дали се разрешени директорите на јавните претпријатија, училиштата, откако градоначалниците седнаа во своите фотељи или пак, останаа да раководат како и досега.

Откако на на почетокот на април во градоначалничката фотеља во општина Охрид седна Никола Бакрачевски, дирекорите на јавните претпријатија уште истиот ден си поднесоа оставки.

Станува збор за директори на шест јавни претпријатија, Комуналец, Проаква, директорите на градските гробишта и пазарот, како и ЈП Нискоградба и Биљанини извори.
Од локалната самоуправа велат дека сите директори биле примени на конкурс претходно, а бидејќи со закон неможеле да бидат разрешени веднаш, по доѓањето на Бакрачевски самоиницијативно си поднеле оставки. По разрешувањето биле вратени да работат на пониски работни места во претпријатијата вклучувајќи го и екс-градоначалникот Александар Петревски кој работи во ЈП Комуналец.

Иста е ситуацијата и во образованието кое под е ингеренции на локалната самуправа. Од општината информираат дека во осум основни училишта и во три за средно образование директорите си поднеле оставки откако бил назначен новиот градоначалник. Останале неразрешени уште двајца, за кои нема информација зошто и како ги задржале позициите, дали можеби преминале во партијата од која што доаѓа и Бакрачевски или се покажале како многу успешни во работењето. Во охридската чаршија се зборува дека всушност градоначалникот веднаш по назначувањето на 3 април, побарал од директорите да си поднесат оставки, што било и направено од нивна страна.

-Знаете како, се работи за нова политичка поставеност и работите мора да бидат такви објаснуваат за НОВА официјални лица во локалната самоуправа.

Со доаѓањето на Андреј Жерновски за градоначалник на општина Центар, директорката на единственото јавно претпријатие, Паркизни сама си поднела оставка. Од општината велат дека нејзиниот извештај не бил прифатен од советниците, бидејќи имало неправилности во работењето.

Разрешувања имало на раководителите за Јавни набавки и Урбанизам, за кои велат дека според закон биле распоредени на други соодветни работни места. Секретарот на општината самиот си поднел оставка, така што Центар во моментот работи без секретар, работно место кое е многу важно за фукнционирање на општината. Но, во ниту едно од седумте училишта не е сменет ниту еден директор, посочуваат во општина Центар.

-Се надеваме дека Владата ќе најде разбирање и дека нашиот предлог за секретар ќе биде прифатен од Агенцијата за привремени вработувања. Што се однесува до директорите на училиштата , општина Центар е единствена која не се базира исклучиво на политичката определба, туку ја следи и оценува нивната работа и кој не ги задоволува во критериумите ќе отпадне велат од кабинетот на Жерновски.

Социолозите велат дека оваа појава на смени и разрешувања, веднаш по смената на политичката гарнитура станаа дел од општественото живеење. Според професорот од ФОН, Ѓорѓи Тоновски станува збор за многу сложен проблем кој не води во напредок.

-Смените на раководните луѓе, се дел од целокупниот политички амбиент во државата. Никој не го поставува прашањето за квалитет, дали некој од нив допринел за напредок, колку успешно раководел во време на својот мандат. Во никој случај неможе сите да се неуспешни изјави за НОВА професорот Тоновски.

Според, него праксата покажува дека секоја власт сака да постави свои проверени кадри, без да води грижа дали тоа води кон напредок или не.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.