Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кај 6 деца во градинка во Драчево изолирана бактеријата од која почина 2,5 годишно девојче

0
By Менче Атанасова Точи on March 15, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кај шест деца кои ја посетувале групата со две и пол годишното девојче што почина од сепса, во нос е изолирана бактеријата стрептококус пнеумонија, дознава НОВА. Станува збор за градинката „Пеперутка“ во населбата Драчево, која е клон на градинката „8 Март“.

Во Центарот за јавно здравје, каде што ја потврдија информацијата, велат дека не знаат дали има поврзаност меѓу детето кое почина на Детската клиника од истата бактерија, која кај него предизвика сепса во крвта и останатите деца во групата. Од таму велат дека веднаш по овој случај бил направен епидемиолошки надзор и биле земени 31 брис од децата од првата мала и од големата група бидејќи децата од двете групи често се мешаат. Кај 6 деца е пронајдена оваа бактерија, а кај 25 не е изолирана патогена бактерија.

„Кај ниту едно од децата кај кои што е изолирана бактеријата не развила инфект бидејќи имале подобар имунитет. Направена е дезинфекција, преземени се вообичаени сет на мерки, а децата се изолирани дома додека не добијат позитивни резултати“, изјави за НОВА, др.Александар Стојанов од ЦЈЗ.

Две и пол годишното девојче почина на 4 март, откако претходно било третирано една недела кај матичен лекар. На Клиниката за детски болести било донесено со знаци за сериозна бактериска инфекција.

Епидемиолозите велат дека девојчето најверојатно имало намален имунитет. Но, нема одговор од надлежните како дошло до тоа толку време да се чека за бактеријата да премине во крвта и да дојде до фатален исход.

Во градинките и училиштата најважна е хигиената и редовно миење на рацете, порачуваат епидемиолозите. Доктор Стојанов вели дека е потребна задолжителна вакцинација против оваа бактерија , како и против рота вирусот, што најверојатно годинава ќе се случи и овие вакцини ќе влезат во календарот за задолжителна имунизација.

Епидемилозите велат дека место за паника нема, како за овој така и за случаите со МРСА кои беа изолирани кај деца во градината„ Снежана“ во Чаир и во ОУ„ Панајот Гиновски“. Дознаваме дека родителите ги носат децата од ова училиште масовно за да им се земат брисеви и во ЦЈЗ е вистинско навалица во лабораторијата. Раководството на училиштето одлучило да ги варосува училниците. Стручњаците велат дека се направи непотребна паника и таа била предизвикана најмногу преку социјалните мрежи.

„ Земавме 130 бриса, нема потреба од такво нешто. Родителите треба да знаат дека кај децата што била изолирана оваа бактерија, тие се здрави клицоносители. МРСА е опасна во болнички услови, ако го нападне организмот на болни луѓе со намален имунитет“, вели др.Стојанов.

Лекарите потенцираат дека нема опасност од инфекција кај здрав организам и апелираат да не се создава паника.  Епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје објасни дека бактеријата многу често ја има во последно време, а за да стане смртоносна треба да исполнети повеќе услови односно се регистрира кај лица со нарушен имунитет, кај лица кои имаат други тешки заболувања, чие претходно заболување може да придонесе за отежнато и подолготрајно лекување. Оваа бактерија, нагласи, бара посебен третман, заради тоа што нејзината вирулетност е голема и бара изолација.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.