На 01.09.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Рашче-с. Долно Свиларе, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(24) од с.Рашче, удрило во малолетен пешак од с. Долно Свиларе, информираат од МВР.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.