Двете момчиња од Скопје М.С. и Т.С., на возраст од 18 и 19 години, кои синоќа со чамец залутаа во водите на Охридското езера, рано утрово во 5 часот се пронајдени во близина на Св. Наум.
Според се уште непотврдени информации од МВР две момчиња на гумен чамец од плажата Елешац носени од ветрот и од водните струи исчезнале во воденото простаранство, синоќа околу 20 часот.
Повеќе информации за случајот што ја вознемири јавноста се очекуваат во текот на денот.