Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кајмакоски од Мислешево – За сега немам во план да пеам на митинзите на партиите

0
By Нова ТВ on April 2, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Цело Мислешево од најстаро до најмладо излезе да го поздрави доаѓањето на нивниот сограѓанин победникот на првото издание на Икс Фактор, Даниел Кајмакоски. На влезот од селото стоеше транспарент „Добредојде наше сонце“, а за што поубав пречек на Кајмакоски имаше и торта на која беше испишано неговото име и насликано македонското знаме.


Поради големиот интерес локалниот превозник пушти вонредни автобуски линии од Струга до Мислешево, а и полицијата имаше работа бидејки на влезот од селото и во него го регулираше сообраќајот. Кајмакоски одржа получасовен концерт на кој испеа дел од песните со кои настапи на популарното шоу. Најбројни беа најмладите кои бараа да се фотографираат со него и да добијат автограм. Мислешевци не паметат кога последен пат толку многу народ се собрал среде село. Велат дека ниту на митинзите на партиите во Мислешево до сега не дошле толку многу луѓе. Му порачуваат на Кајмакоски да не се меша во политиката и дека би било добро да не пее на митинзите на некоја од политичките партии.


„Партиите не може да соберат толку многу народ како што собра Даниел. Мислам дека не би му требало да прифати да пее на митинзите на некоја од партиите ако добие такви понуди,“ вели жителка на Струга.

„Ова е голем настан не само за Мислешево туку и за цела Македонија, затоа што Даниел го поддржуваше цела Македонија,“ вели жителка на Струга.


„Дојдовме да го пречекаме Даниел, кој е мој сограѓанин и комшија. Ова е многу добар настан за нас, дури многу поголем од актуелните на политички план. Само вакви победници треба да пречекуваме. Никогаш по никој повод не се случило толку многу народ да има на едно место во Мислешево. Ова досега е најголемо нешто,“ вели жител на Мислешево.

Кајмакоски вели дека во неговиот план за сега не стои настап на митинзите на некоја од партиите во Македонија кои се длабоко во кампања.

„Тоа за сега не стои во моите планови. Јас сакам повеќе Македонија да ја поддржувам со хуманитарни концерти, работи кои се добри за народот, за сите луѓе. Не сум добил се уште официјална понуда за пеење за некоја партија но мислам дека и нема да бидам тука. Примарно ми е сега да направам што повеќе и да заминам што подалеку и секогаш да кажам дека сум Македонец,“ рече Кајмакоски.

На прашањето на НОВА дали би прифатил да пее за некоја политичка партија, Кајмакоски рече дека се би дал да не прифати. Вели дека многу работи што се зборувале за него во јавноста не биле точни.

„Мислам дека ова е еден од најемотивните моменти во мојот живот бидејки знаев дека ќе биде вака. Повеќе трема имав да дојдам дома отколку да настапам во финалето на Икс Фактор каде бев многу опуштен. Во Мислешево се наоѓаат моите луѓе, пријатели и роднини. По враќањето во Белград каде веќе изнајмив стан почнуваме да работиме интензивно на мојата кариера по што да излезе првиот сингл и видео клип. Се надевам дека некоја од песните на мојот албум ќе биде и од Жељко Јоксимовиќ. Морам да кажам дека цел живот го чекав ова,“ вели Кајмакоски.

Даниел кажа дека не се чувствува како победник и оти победата треба да ја оправда.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.