Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Бесими ќе ги брани реформите пред Европа

0
By Сашка Цветковска on May 30, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими од петок започнува серија дипломатски средби низ европските престолнини. Во Лондон, Брисел, Париз, Мадрид и Даблин Бесими ќе убедува земјите членки за добивање датум за преговори пред самитот во Јуни. Тој и неговиот тим ќе им ги презентирале и објаснувале резултатите од реформите на Македонија.

Сепак, Бесими не даде одговор со кои аргументи ќе ги брани успесите на земјава во сферата на слободата на медиумите и добрососедските односи.

Во однос на проблемот со името, Бесими рече дека секој ден сме биле се поблиску до решение.

-Секој ден сме се поблиску. Многу поблиску отколку во 1995, рече тој.

Бесими рече дека тој лично е за решение на името, но истакна и дека е многу важно што поскоро да биде формирана анкетната комисија за расчистување на настаните од 24 Декември и упати апел до политичарите да заборават на теснопартиските интереси и да направат поголеми напори за конечно решение. Запрашан дали откажувањето на самитот на ПСЈЕ од страна на претседалот Ѓорѓе Иванов ќе влијае врз аргументацијата за добрососедските односи, тој практично не одговори, туку само го образложи одговорот кој го добил од МНР, а кој се однесува на процедурите околу самитот.

-Како што знаете имаме предлог закон за медиуми и расправата за законот беше продолжена на два месеца, рече Бесими во обид да презентира аргумент со кој ќе прикаже како земјава се справува со проблемите во сферата на медиумите.

Присутните новинари на брифингот реагираа дека тоа е далеку од аргумент дека работите со медиумите тргнале на подобро и бараа поконкретен одговор за тоа како министерот ќе презентира некаква добра волја или напредок во однос на членот 29 од резолуцијата каде критиките на адреса на медиумите се сериозни, Еве како се одвиваше дијалогот помеѓу вицепремиерот за евроинтеграции и присутните новинари кои беа заинтересирани за оваа тема.

-Министре, во ред е ова со законот за медиуми, неколку пати го повторивте, но јас ве прашувам друго. Кажете ми што вие ќе презентирате како напредок во однос на забелешките за владините реклами како форма на поткуп, автоцензурата, независноста на јавниот сервис , знате претпоставува сте ја читале резолуцијата?, гласеше новинарското прашање.

Одговорот на Бесими индиректно укажа дека вицепремиерот нема аргументи да се брани.

-Знаете што, јас и да имам само еден аргумент од десет, ќе морам да го користам тој, кусо одговори Фатмир Бесими.

Исто така, тој изјави дека текстот за новиот закон на медиуми веќе е испратен на експертиза во Советот на Европа и ОБСЕ.

Во текот на престојот во Брисел кој е дел од дипломатската офанзива на вицепремиерот за евроинтеграции, тој преку писма ќе бара средби и со европратениците кои гласале против или воздражно за Резолуцијата за Македонија, а средбите би се реализирале на најавената Конференција на ЕП “Од сон до реалност” посветена на реформските процеси.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.