Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како да се заштитите од загадениот воздух

0
By Нова ТВ on October 24, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Aерозагадувањето се состои од микроскопски честички што се толку мали што може да навлезат во белите дробови и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. И PМ10 и PМ2.5 честичките може да го нарушат здравјето, особено на белите дробови и на дишните патишта.

Со оглед дека PM2.5 честичките навлегуваат подлабоко во респираторните органи и се составени од потоксични материи (како тешки метали и органски соединенија што предизвикуваат рак) може да предизвикаат значително посериозни последици по здравјето на човекот од PM10 честичките.

ГОЛЕМИ – овие честички се меѓу 2.5 и 10 микрометри (од околу 25 до 100 пати потенки од човечкото влакно). Тие се нарекуваат PМ10.

МАЛИ – овие честички се од 1 до 2.5 микрометри (100 пати потенки од човечкото влакно). Тие се нарекуваат PM2.5.

УЛТРА МАЛИ – овие честички се помали  од еден микрометар.

Ултра малите честички навлегуваат во најситните делови на белите дробови, во алвеолите, што кај хроничните болни  доведува до појава на карцином.

Честичките се всушност јаглеродно јадро на кое се апсорбирни голем број на неоргански и органски материи како и разични видови на тежок метал. Тоа зависи од изворот на загадување во одредена средина. При аерозагадувањето се случува оксидативен процес со кој по пат на оксидација ги оштетува клетките.

КАКО ФУНКЦИОНИРААТ ФИЛТРИТЕ СО АКТИВЕН ЈАГЛЕН?

Филтрите со активен јаглен се составени од широк систем на пори со молекуларна големина. Овие пори имаат висока адсорбција, формирајќи силна хемиска врска со миризливи, гасни и течни загадувачи, особено органски хемикалии/соединенија.

Факти и студии за филтрите со активен јаглен

– Филтрите со активен јаглен ги фаќаат во стапица мирисите и хемикалиите во многу абсорбенти гранули (или пори).

– Активниот јаглен е јаглен кој се третира со кислород, со цел да отвори милиони мали пори помеѓу јаглеродните атоми, што резултира со материјал со висока адсорбција.

– Првобитно се користеле во Втората Светска Војна за заштита на Американските војници од хемиските агенси.

– Во студија спроведена од страна на Одделот за енергетика на САД, филтрите со активен јаглен докажано е дека отстрануваат 60-70% од воздушните загадувачи споредено со филтрите без активен јаглен.

– Според извештајот објавен од страна на Центрите за контрола на болести, Одделот за здравство и социјални услуги, и Националниот институт за безбедност и здравје, активниот јаглен е одличен адсорбер/апсорбер на повеќето органски хемикалии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

ВЕСТИ November 5, 2025

Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските…

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.