Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како европските избори ќе се одразат на македонските евроинтеграции

0
By Борјан Јовановски on May 23, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на европските избори во недела, НОВА побара ставови од фаворитите на
европскиот избирачки процес за иднината на процесот на проширувањето кон земјите од Западниот Балкан. 

Во изјавите за НОВА тие даваат целосна поддршка за интеграцијата, но инсистираат на стриктно исполнување на условите. Кампањата за европските избори завршува.

Во некои земји членки веќе се гласаше, но во поголемиот дел од ЕУ гласањето е во недела.

Во текот на изборната кампања малку се зборуваше за процесот на проширувањето на ЕУ и
неговата иднина. Партиите на традиционалната левица и десница го поддржуват овој
процес, но на таа поддршка не и даваат голема гласност исплашени од порастот на
поддршката која ја добиваат популистичките и екстремно десничарски политички групации
кои, пак, отворено се заложуваат за затворање на границите на ЕУ, како за нови земји членки, така и за емигранти.

НОВА побара ставови за иднината на процесот на проширувањето од  од најголемите
политички групации во ЕУ кои според истражувањето на јавното мислење и во овој состав
на Европскиот парламент ќе имаат најголем број на мандати.

Од Европската народна партија (ЕПН) ни изјавија дека го поддржуваат процесот на
проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан.

Во врска со Македонија од ЕНП сметаат дека Советот на ЕУ треба да одреди датум за
почеток на преговорите и дека ЕУ треба да има поголема улога во решавањето на спорот за
името.

„ЕНП стои зад одлуката на ЕП за тоа Советот на министрите да одреди датум за старт на
преговори без понатамошно одлагање. Почетокот на преговорите ќе ги овозможи
неопходните реформски процеси во земјата. ЕУ треба да даде поголема поддршка во
процесот за изнаоѓање на решение за спорот со Грција,“ се вели во изјавата од ЕНП за
НОВА.

Во врска со Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Косово од оваа најголема политичка
групација во ЕУ велат дека ја поддржуваат интеграцијата на овие држави во ЕУ
нагласувајќи дека секоја од овие држави треба да ги спроведе неопходните реформи
предвидени со европската реформска агенда.

Поддршка за процесот на проширувањето даваат и од групата на Европските социјалисти
која и на овие избори се очекува да го задржи второто место по број на освоени места во
Европскиот парламент. Социјалистите инсистираат на човекови права и слободи, како и на
ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал во земјите од регионот
како услови за кои не се преговара.

„Процесот на проширувањето беше голем успех која ја потикна економијата, отвори нови
работни места и промовираше социјални стандарди. Хрватска даде пример за тоа дека низ
процесот на интеграција ги надмина разурнувачките штети од војната, се справи со
корупцијата и се трансформираше во модерна европска економија. Се надеваме дека
другите земји ќе го следат патот на успехот низ кој мина Хрватска. 

– За нас приклучувањето кон ЕУ не е механички процес. Државите аспиранти мора да ја покажат својата посветеност на нашите вредности за човекови права и слободи за кои нема преговори. Државите аспиранти мора јасно да покажат дека и се спротиставуваат на корупцијата и на организираниот криминал ако сакаат да ги добијат европските фондови за поддршка на реформските процеси неопходни за зачленување во ЕУ. Ние очекуваме да ги видиме во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Косово неопходните чекори кон
интеграцијата во ЕУ,“ се вели во изјавата за НОВА од изборниот тим на Европските
социјалисти.

Поддршка за интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, но со нагласено инсистирање на
исполнувањето на неопходните стандарди релевантни за фундаменталните европски
вредности доаѓа и од Групацијата на европските зелени партии.

„Ние секогаш сме го поддржувале овој процес и ја критикуваме ЕК и Советот за тактиките
со кои го одлагаат овој процес предизвикувајќи фрустрации кај земјите аспиранти. Исто
така, за нас е важно билатералните спорови да не бидат пречка за прогрес во
интеграцискиот процес како и тоа дека земјите членки на ЕУ треба да избегнат да го
користат ветото поради нивните билатерални проблеми кои не се релевантни за
копенхашките критериуми. Што се однесува до Македонија, нашата група секогаш го
користи уставното име на државата и, исто така, ја поддржуваме препораката на ЕК за
почеток на преговори. Нашата групација дава поддршка и на членот 13 од извештајот на
господинот Ховит во кој се вели дека предлогот за решение на спорот со Грција со
географска референца предложен од медијаторот Нимиц е добра основа за изнаоѓање на
решение за спорот при што не се навлегува во македонскиот национален, јазичен и
културен идентитет“ се вели во изјавата за НОВА од Групацијата на европските зелени
партии.

Европските избори во недела се очекува да ги потврдат досегашните истражувања на
јавното мислење кои најголема подршка им даваат на Европската народна партија, додека
на второ место ќе се најдат Европските социјалисти. Согласно резултатите од престојните
европски избори нов претседател на ЕК би требало да биде Луксембуржанецот Жан
Пол Јункер
 како кандидат на Европската народна партија или Мартин
Шулц
 како кандидат на Европските социјалисти. Неизвесно е кој од овие двајца ќе
успее да обезбеди мнозинство во новиот состав на ЕП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.