Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како ја отстапивме сцената на обвинет за силување?: Скандалозно и бесрамно е наградувањето на Лечиќ во Скопје

0
By Ана Василевска on October 24, 2023 КОЛУМНА, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, СТАВ
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА

Нам ова треба да ни го вклучи алармот дека ако сме во состојба доцна и срамежливо да осудиме  вакво „дефиле на глупоста“ како би реагирале за случаите на вакви предатори кај нас?

Директорот на Киненова Небојша Јовановиќ и актерот Бранислав Лечиќ на церемонијата на доделување на наградата
Директорот на Киненова Небојша Јовановиќ и актерот Бранислав Лечиќ на церемонијата на доделување на наградата

„Не во наше име!“, стоеше меѓудругото во синоќешната реакција потпишана од петмина филмаџии, со која изразија револт за доделувањето на наградата за придонес во филмската уметност на српскиот актер Бранислав Лечиќ на скопскиот филмски фестивал „Киненова“. И подобро сега отколку никогаш, иако ова излегува како „по свадба тапани“, бидејќи фестивалот што се одржа од 13-22 октомври во Синеплекс, во целост ја реализираше својата програма, и секако на церемонијата на отворањето го награди Лечиќ а публиката аплаудираше.

Во оваа прилика нема да спориме дека ниту просечниот филмскиот опус на Лечиќ не е доволно фасцинантен и достоен за ваква награда, но тоа што секако е спорно за оваа одлука е дека актерот пред две години беше обвинет за сексуална злоупотреба од актерката Даниела Штајнфелд која пристигна во Белград од Њујорк за своето сведочење пред обвинителството.

Случајот со Лечиќ се надоврза на обвиненијата за силување кон сопственикот на училиштето за глума Мика Алексиќ кои ги покрена актерката Милена Радуловиќ. Овие скандалозни обвиненија предизвикаа лавина реакции во соседството а филмската фела во манирот на „Ми ту“ движењето ги охрабри жртвите и ги осуди обвинетите.

За жал и по две години и во случајот со Алексиќ и со Лечиќ нема пресуда. Ова не зачудува ако се земе во предвид „авторитетот“ што овие двајца го уживаат во општеството подложно на корупција и „пеглање“ на судските одлуки. Ако на ова се додаде и фактот дека Лечиќ освен актерската, тераше и политичка кариера и беше министер за култура во владата на Зоран Џинџиќ, лесно може да се претпостави, колку тешко доказите на Штајнфелд ќе бидат уважени.

Во светот пак,  познати се случаите за „силувачите“ како големиот режисер Роман Полански или пак холивудскиот филмски продуцент Харви Вајнштајн. Иако навистина гиганти според нивниот придонес во филмската уметност и двајцата одговараа пред законот, но уште повеќе пред моралниот суд на колегите и филмската заедница воопшто. Полански, не можеше да присуствува на церемонијата за да го подигне францускиот Оскар, наградата „Цезар“ бидејќи беше спречен од протести заради обвиненија за силување. Вајншатјн пак, иако потроши милиони во судските процеси против него, заработи нова казна од 23 години затвор за силување а Холивуд професионално го отпиша.

И додека прашина зад Лечиќ во Србија не е стивната, наместо на јавен линч, актерот во Скопје дочекан со почести на јавна сцена

На највната прес конференцијата на фестивалот „Киненова“, директорот Небојша Јовановиќ доби новинарско прашање од Соња Таневска од  редакцијата Градска.мк, зошто одлучил наградата да му ја додели на Лечиќ, а тој одговори дека тоа било договорено уште во 2018 година, и еднаш веќе било одложено. Овој одговор ни одблиску не ја аргументира одлуката на организаторите, да наградат актер со свеж скандал од ваков калибар во неговата биографија.

Режисерката Елеонора Вениниова единствена пред фестивалскиот старт на некој начин се огради од оваа фестивалска одлука, бидејќи нејзиниот филм веќе имаше закажан термин за прикажување на „Киненова“.

И на фестиваското отворање да биде уште поконтрадикторно беше прикажан филм кој токму говори за женскиот пркос кон машкиот шовинизам, а организаторите ја седнаа режисерката на истата маса со „славниот“ Лечиќ.

Синоќешната реакција на актерките Наташа Петровиќ , Тамара Ристоска, и Жаклина Стевковска, монтажерот Горјан Атанасов, кинематограферот Дејан Димески и режисерката Ана Јакимска е можеби задоцнета но за секоја пофалба

Овој млад фестивал кој бележеше осмо издание, направи бесрамна грешка, за која мора да следи извинување и да ја понесе одговорноста за оваа скандалозна и неетичка одлука. Во спротивно ќе остави доволно сомнеж дека тенденциозно го довлечка Лечиќ во Скопје за да го рехабилитира од аурата на обвиненија што ги понесе од дома.

Нам ова треба да ни го вклучи алармот дека ако сме во состојба доцна и срамежливо да осудиме вакво „дефиле на глупоста“ како би реагирале за случаите на вакви предатори кај нас?

Да се надеваме дека овие петмина храбри филмаџии ќе бидат помасовно поддржани од своите колеги а Скопје нема да се претвори во Мека и Медина за „осветлување“ на зацрнети авторитети што ќе го платиме од наш џеб како во последниот случај.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 /

 

„Киненова“ Бранислав Лечиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.