НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како ќе се одвиваат односите меѓу Скопје и Софија после турбулентниот викенд: Првиот тест ќе биде на 16 февруари

0
By Соња Крамарска on February 6, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не стивнуваат реакциите после чествувањето на годишнината од роденденот на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев. Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како понижувачки и неприфатлив односот на македонските власти кон бугарските граѓани кои дојдоа на границата со цел да оддадат почит на гробот на Гоце Делчев, иако со навреди и понижувачки тонови се однесуваа кон македонската полиција.

Претседателот Пендаровски денеска изјави дека односите меѓу двете земји се влошуваат и дека чествувањето на Делчев непотребно е искористено за подигање на тензии. „Сите што сакаа да присуствуваат беа добредојдени, но оние што се обидоа да ја нападнат полицијата заработија прекршочни пријави и депортација. Секоја европска држава тоа го прави на идентичен начин“, рече Пендаровски.

Останува прашањето што понатаму во односите после турбулентниот викенд. Дали се најавува заострување на односите? Поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев во разговор за „Локално“ изјави дека нашата држава одлучи да се справи со безбедноста на 4-ти февруари и покажа зрелост.

„За секоја работа најважна е подготовката. Мислам дека претходните неколку месеци, отворањето на клубовите, тензичната атмосфера, прославата за Мара Бунева, отворањето на новиот бугарски центар во центарот на Скопје, сето тоа допринесе Македонија да мора да се подготви и да биде енергична и да си ги спроведе законите на земјата согласно Уставот. Оттука активноста на органите на редот и мирот беше на висина на задачата и си ја завршија работата“, вели Ѓорче.

Тој е зачуден од реакцијата на бугарските политичари.

„Се знае дека чуварите на редот и мирот не смеат да бидат навредувани и провоцирани. На крајот на краиштата, тоа е нивната функција. Од моја гледна точка Македонија за првпат покажа зрелост, подготвеност да одговори на задачите. Тоа се големи искушенија“, рече поранешниот амбасадор.

Според него, особено ќе биде важно што ќе се случи на 16-ти февруари кога истекува рокот кога треба да се променат имињата на бугарските културни клубови.

„Тука треба Македонија да дејствува енергично, јасно и одговорно согласно Уставот затоа што никако не оди Македонија да биде поврзана со фашизам. Нашата земја е создадена врз антифашистичка борба и основата на АСНОМ. Имињата на тие клубови се олицетворение на нацизмот и фашизмот. Ќе биде многу важно Македонија да ја разреши таа противречност на еден брз и ефикасен начин. Да ги извести бугарските органи дека дејствува согласно нашиот Устав и дека Законот за здруженија и фондации е донесен во Собранието и само така можеме правовремено да оставиме впечаток кај македонските граѓани дека навистина си ја штитиме и браниме татковината“, потенцира соговорникот.

На прашањето што понатаму, Ѓорчев вели дека лично познавајќи ги односите долго време, оценува дека таа вековна бугарска стратегија не се менува преку ноќ.

„Секогаш била остра и никогаш не била изменета, само ние сме се залажувале дека во одредени моменти на затишје пред бура, дека тие ќе бидат чувствителни, емоционални и дека ќе ја разберат нашата состојба. Во односот на Бугарија кон Македонија владее сила и интерес. Бугарија е посилна и постара држава и многу понационална определена и во тој контекст ќе има сериозни притисоци ако не се одважиме во преговори со нив и отворено им кажеме „ако нешто е пречка, секој проблем има решение. Ако проблемот нема решение, тогаш нема ни проблем“, ни рече дипломатот.

Тој нагласува дека главниот проблем е Договорот за добрососедство и пријателство.

„Тој е штетен по нашите интереси, има клаузули за заедничка историја, проблем со непризнавањето на јазикот, асиметрија во основа на фундаменталните човекови права. Таков начин на деградирање на македонската држава не оди во прилог на нив. Мислам дека тоа ќе продолжи. 60 години е така и ништо не се менува. Интензитетот некогаш варира, некогаш е повисок, некогаш е понизок, меѓутоа јасно е дека Бугарија нема да отстапи од своите национални интереси. Тестот е колку сме подготвени околу промената на имињата на бугарските клубови. Ние сме држава која е на страна на антифашистичката борба. Сржта на Уставот е АСНОМ“, дециден е Ѓорчев.

За самиот ден 4-ти февруари, аналитичаротНенад Јовановиќ вели дека помина пристојно и нормално, како што личи и како што му прилега на еден европски народ. Тензиите кои се очекуваа, појаснува тој во разговор за „Локално“, тоа посебно хистеризирање, провоцирање, требаше вели тој „да дојдат од една, поточно од две адреси: бугарското ВМРО во синхронизација со нашето, домашното ВМРО“.

„Полицијата, а на сите полиции на светот тоа им е во описот на работните задачи: да го брани и чува јавниот ред и мир. Па, така, само им ги затвори патиштата, таа фонтана на омраза и агресија, и затоа се помина во најдобар ред. А ова го знам, затоа што многу индикативен показател ми беа изјавите на Мицкоски: кога шепка, кога е тивок и депресивен пред микрофон, знаеш батице дека во некоја беља е фатен и разоружан. Десните конзервативни струи се бељаџиски, конфликтни и блокирачки. Ама тоа е сосема друго прашање. Да бидам прецизен: министерот Спасовски заврши одлична работа“, порачува Јовановиќ.

Тој очекува да се работи на нормализација во односите, како и до сега.

„Да престанеме да ги користиме нашите различни индентитетски особености за кошкања и провоцирања. На никому тоа нема да донесе добро. Ниту нам Македонците, а ниту на Бугарите. Имаме многу поважни теми за разговор: инфраструктура, културно, медиумско-граѓанско поврзување, економска соработка, тоа се вистински и важни теми. Од овие теми се живее, овие теми им се единствено важни и корисни на граѓаните на двете земји“, оценува соговорникот.

На прашањето дали очекува ново вето од официјална Софија, Јовановиќ се надева и посакува да продолжиме да работиме сите заедно за нормализација во односите.

„Многу е полесно да ги расипеме односите отколку секојдневно да се трудиме и да работиме на подобрување на нашата комуникација. Изгубивме премногу време во бесмислени кошкања. Верувам дека и Бугарите разбираат дека овие идентитетски војни се сосема бесмислени и контрапродуктивни за двете земји. Само соработка го спасува светот“, вели Јовановиќ.

Извор: Локално

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.