Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како ќе се сервисираат долговите?

0
By Нова ТВ on July 4, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавниот долг на Централната Влада, кој заклучно со мај изнесува 34,2% од БДП, следната година ќе се дојде до границата од 35% од БДП, што може да се смета за критична граница –оценуваат економистите.

Едно е прашањето за висината на долгот, но клучно е како тој ќе се сервисира, вели за Фактор универзитетскиот професор Предраг Трпески.

„За мене не толку важно дали Јавниот долг е 32% или 34% од БДП, еве има и некои калкулации кои укажуваат на тоа дека до 2014 та година ќе достигне и 35%. Важно според мене е дали тој долг ние сме во состојба да го сервисираме. Да, има економисти што ќе речат еве и Америка има драматично голем долг а ние имаме простор уште да се задолжуваме“, вели професорот и додава:

„Но јас долгот на државата го споредувам со долгот на едно семејство. Ако вие имате едно семејство што има 10 000 денари примања а долгот му изнесува 30%, тогаш тоа семејство треба да врати 3 000 денари и да живее со 7 000 денари. Но ако друго семејство има 100 000 денари приходи и е задолжено исто така 30% од примањата, тогаш треба да врати 30 000 денари, но сепак за живот му остануваат 70 000 денари, доволни за кавалитетен живот. Тоа е таа компарација на задолженост на земја со низок доход и земја со висок доход. И странските анализи укажуваат дека за една земја со низок доход, Јавниот Долг не смее да биде поголем од 35% зошто оној дел што останува да се троши е многу помал и во тој случај таа земја многу посиромашно ќе живее отколку онаа земја што има поголема задолженост но и поголем доход,“објаснува Трпески.

Дел од меѓународните финасиски институции испратија порака да се внимава и дека Македонија треба да забави со сегашното темпо на задолжувања.

Во еден од документите на Министерството за финасии, насловен “Основни макроекономски индикатори и проекции“ се посочува дека за годинава Јавниот Долг на Централната Владата треба да изнесува 32,8%.

Во истиот тој документ пишува дека Владата за периодот од 2010 та година до 2012 та година таргетира Долг на Централна Влада да не е повисок од 30% од БДП. Ова проектирано ниво е пробиено веќе во 2012 та година, кога долгот достигнува 33,8% од БДП.

Според последните податоци на Народната Банка, во првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот Долг достигна 5,5 милијади евра или 73,5% од БДП и во однос на салдото на крајот од 2012 та година, надворешната задолженост е зголемена за 333 милиони евра.

Најголем дел од долговите кон странство се на државниот сектор во вредност од 1 милијарда и 688 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.