Присуството на македонските писатели на германскиот пазар е мало, почнувајќи од деведесетите години кога беа преведени Ким Мехмети и Луан Старова, сега успешно се пласира поетот Никола Маџиров, вели во разговор за НОВА, преведеувачот од германски на македонски јазик Бенјамин Лангер.
Тој веќе го преведе романот „Сестрата на Зигминд Фројд“ од Гоце Смилевски. За НОВА открива дека неговиот превод на книгата „Мојата роднина Емилија“ од Влада Урошевиќ ќе биде готов на есен, а го издава една од најзначајните издавачки куќи во Германија.