Македонската голф репрезентација ќе учествува на турнир во Вилнус на 31 јули во организација на Eвропската голф асоцијација (EГА).
Националниот тим во Литванија ќе биде предводен од капитенот Димитар Георгиев кој заедно со Илија Остојчиќ, Игор Стоименов и Наум Јанакиев ќе темпираат форма за „Macedonian open“, државно првенство што ќе се одржи од 23 до 25 август во Банско.
Покрај македонските голфери, на турнирот во Вилнус ќе има претставници и од Литванија, од Ерменија, од Грција, од Кипар, од Грузија, од Летонија, од Азербејџан, од Лихтенштајн, од Малта и од Романија.