Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како се одвиваше судењето на познатиот очен хирург Дејан Ставриќ

0
By Менче Атанасова Точи on May 26, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Неизвесно е дали и кога очниот хирург Дејан Ставриќ ќе биде пуштен од притвор. На барање на одбраната за пуштање во домашен притвор судијката Верка Перковска му го одзема пасошот за притворот да се замени со мерка претпазливост, но за конечната одлука ќе одлучува Апелациониот суд, доколку обвинителството се жали. Ова значи дека до конечната одлука ќе поминат најмалку 10 дена, вели одбраната на Ставриќ за НОВА.

Мачна и траорна беше атмосферата на денешното судење кое заврши за само неколку часа, експресно, по скратена постапка. На судењето присуствуваа родителите на Ставриќ, неговата стара мајка и татко му, сопругата која е професорка на Медицински факултет и хематолог, како и неговиот брат, додека колегите кои беа дојдени да го следат судењето не беа пуштени внатре.

„Колку сакам да го прегрнам“, рече во еден момент неговата мајка кој тешко го поднесе денешното судење, за конечно некаде пред крај на судењето да и биде дозволено на кратко да разговара со него.

Сведокот, оштетениот Ладо Кузманоски од Прилеп седеше со наведната глава, а додека снимаа камерите со рака си го криеше лицето. Неговото сведочење беше конфузно и со многу нелогичности, констатираше одбраната на Ставриќ.

„Исказот на сведокот Кузманоски во својство на оштетен е како да добиеш на лото, а да не си го пополниш ливчето“, рече во завршните зборови, Светлана Савиќ, бранител на Ставриќ.

Иако во првичните информации од МВР се тврдеше дека Ставриќ му се јавувал на Кузмански за да посредува за инвалидска пензија за што барал и пари, наводно 2.000 евра, тие воопшто не разговарале за инвалидска пензија туку за понатамошно лекување на Кузманоски.

Во својата одбрана Ставриќ објасни дека воопшто не станало збор за добивање на инвалидска пензија, туку за тоа, Кузманоски да биде опериран од познатиот хирург од Белград Мирослав Вуксановиќ, кој требало да дојде во Скопје на 10. мај во „Корнеа Медика“, приватна поликликата за очни болести каде што сега тој работи. За таа цел требало да се уплати минимална сума од 1.000 до 1.500 евра само за медицинскиот потрошен материјал, за операција која реално чини околу 5-6.000 евра. Парите Кузманоски требало да ги уплати во „Корнеа Медика“.

Се договориле Кузманоски да дојде во поликлиниката, но кога стигнал во Скопје оштетениот рекол дека не знае каде се наоѓа, дека не го познава градот и го замолил Ставриќ да дојде на автобуската станица, отако ќе заврши со обврските. Седнале во угостителскиот објект во близина на автобуската станица.

„Седнавме на маса, јас пиев кафе, а тој ракија и ми подаде плико во кое очекував да има документи и јас го ставив во џеп. Дека се пари видов дури кога околу мене се појавија 15-20 полицајци“, рече во својата одбрана Ставриќ.

Тој нагласи дека му е јасно дека е ова монтиран процес во чија монтажа учествувал Кузманоски, како и тоа дека му е жал за човекот кој е злоупотребен, бидејќи е болен и не гледа со окото. „Тој е болен човек“, рече Ставриќ.

Она што предизвика внимание кај присутните во судницата е што Кузманоски отишол на Инвалидска комисија, но за тоа не го известил доктор Ставриќ. За неговото добивање на пензија одлучувала комисија од 10 члена.

Одлуката да го пријави во полиција како што рече Кузманоски ја донел откако лекарите во Комисијата му рекле дека може да работи полесна работа, иако не гледа со десното око кое го повредил со штрафцигер при работа, кога му била одлепена ретината. Ставриќ го оперирал по повредата и му соопштил дека окото му е оштетено 98 проценти, така што можностите да гледа со него се мерат во промили.

Кузманоски рече дека се сомнева дали Ставриќ воопшто го оперирал, дека е изгубено многу време, дека можеби неговиот вид ќе бил спасен ако операцијата е направена порано.

Нејасно, е како Комисијата одеднаш донела позитивна одлука, а решението дека добил пензија му е испратено на полноќ на 6. мај 2014, односно истиот ден кога е уапсен Ставриќ, во време кога не работи поштата.

„Дали е тоа наградата за трудот кој го вложил Кузманоски, за да биде уапсен Ставриќ. Тој е злоупотребен за фингирање на кривично дело, за што тој самиот се согласил, учествувал во провокација при што му ги дал одбелажните пари на Ставриќ. За сметка на тоа тој добил инвалидска пензија како награда“, рече во судницата адвокатката Савиќ.

Иако беше побарана ослободителна пресуда, судијката Перковска не ги зеде во обзир доказите на одбрана и за десетина минути ја донесе пресудата- една година затвор за очниот хирург Дејан Ставриќ.

Ставриќ кој 52 дена беше на чело на штрајкот на лекарите, предизвикал спротивни реакции кај оние што не им одговара тоа, смета неговата одбрана.

За овие 20 дена од како е уапсен познатиот очен хирург и синдикалец Ставриќ, ниту еден од лекарите не застана во негова одбрана, ниту излегоа со некаков став во однос на апсењето. Ставриќ беше единствениот и последниот кој пркосеше и на Власта, и на опозицијата, се до моментот кога беше спектакуларно уапсен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.