Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како власта се шокираше

0
By Биљана Секуловска on February 6, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Просто жалосно е како стигнавме до 111.  место на Индексот на корупција на “Транспаренси интернешл”, досега најниско, безобразно ниско, некако наликува на најново, трагично дно. Но, она што сепак изгледа пожалосно, е што власта изгледа дека не разбира зошто тоа ни се случи.

А најжалосен изгледа фактот што Власта е шокирана, онака, со искрено ококорени очи, на двегодишно дете кое не разбира што од него навистина се очекува.

Неверојатна е оваа ситуација- овие луѓе не се преправаат, не глумат,  нивниот шок е длабоко искрен дека некој им доделил дефиниција за корумпирана држава. Тој шок е чист како солза, бескрајно се поразени и вчудоневидени- од каде сега ова мајката, како и кога се случи без некој воопшто да знае?

За овие луѓе ваквите шлаканици не се отрезнувачки,  напротив- се е  неочекувано, ненадејно, ненајавено, се развртуваат околу себе и сопствената оска, бараат одговори, ја тресат главата од неверица. Зошто никој не ги предупредил, како тоа да не слушнале дека оваа листа ќе им се појави, во до вчера веселите, преполни со безгрижност животи.

Каде се советниците, таа армија неработничка, одеднаш се свестува и развртува нашава власт, во надеж дека ќе ги здогледа потрчковците, чија единствена вредна квалификација сметаат дека е партиската книшка. Каде се тие џукели, апаратчци, каде се да ги посоветуваат дека некој ја надгледувал власта, запишувал педантно, броел и множел, секој час, ден за ден, додека не се ставила црта и се испорачала оценката.

Ништо повеќе нема околу нив. Исчезнуваат сите кога е густо, или пак некои остануваат, иако подобро да ги снемало. Па, ангажирано и со сета посветеност ги тапкаат шефовите по рамо, со раката која би сакала да помилува и по коса, за да се потенцира колку е од срце извлечена таа желба за утеха. Ги убедуваат дека за се е виновна опозицијата, короната, сите, но на крај, сепак,  најмалку тие.

Но, ќе ги бараат еден ден овие години и моменти- кога нивните најголеми критичари им лепеа катастрофални оценки, а тие ги затнуваа ушите и ги лепеа очите, да не чујат и не видат. Тогаш се уште им беа давани шанси за поправка. Шанси, ако не знаат, би требало да дознаат- ретко се даваат, скоро никогаш, но кога ќе се појават на видик, тие мора да се зграпчат, но со голема благодарност- особено, до нивните најголеми, најжестоки критичари.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.