НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како во најлудата ноќ да си поминете лудо, а да не се заразите со ковид-19 – сите во потрага по успешен рецепт

0
By Ivana on December 17, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И покрај тоа што до Нова Година не делат неполни две недели, засега не се најавуваат нови рестриктивни мерки за заштита од новиот сој на Ковид-19 наречен омикрон. Имено, министерот за здравство, Венко Филипче пред извесен период изјави дека на сила остануваат сегашните мерки кои според него, се добро димензионирани и се става акцент на вакцинацијата.

– Некаква рестрикција во однос на затворање на границите, карантин за патниците кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија. Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција, изјави министерот.

Епидемиолозите со поделени мислења. проф. д-р Драган Даниловски за НОВА ТВ вели дека сите се спремаат за дочек и тоа е нешто што во оваа фаза на епидемијата реално не може да се спречи.

– Можеби ќе беше можно пред една година. Сега, веќе е на сцена т.н. социо-психолошки крај на пандемијата, иако објективно вистинскиот медицински крај е сѐ уште далеку. Не можеме да ги обвинуваме веќе луѓето. Се работи за одбранбени психолошки механизми, кои го потиснуваат гласот на разумот. Зошто? Веројатно за да се остане нормален. Затоа, сега сѐ повеќе е присутно одбивање воопшто да се слушнат било какви научни предупредувања. Носењето маски, на пример, сѐ повеќе го доживуваат како ускратување на слободата, правата итн, вели Даниловски.

„Добра вест“ според него е што новиов сој, омикрон, веројатно е помалку смртоносен од делта, независно што е попренослив 3-4 пати повеќе. Од друга страна, колективниот имунитет кај нас сигурно е некаде близу 80 проценти (прележани и вакцинирани), така што сите имуни граѓани, ако се заразат, сигурно ќе поминат полесно отколку сосема невакцинираните.

– Како и да е, мислам дека нема простор за преголема загриженост. Исто така, помладите од 50 години, кои немаат хронични болести, а се прележани и вакцинирани со една доза или вакцинирани со три дози (а непрележани), дури би било и добро да се заразат со омикрон. Ќе им дојде како природен „бустер“ на имунитетот. На постарите, а особено ако имаат и хронични заболувања, оваа опција не би им ја препорачал. За нив е најбезбедно, после примената трета доза, догодина пак да се вакцинираат и така секоја година – сосема аналогно со сезонскиот грип, додава Даниловски.

Од друга страна, епидемиологот Сашко Олумчев вели дека предновогодишните забави, слави, забавите на младите, но и патување во странство за празниците се реална опасност.

– Ако сојот е позаразен може да има повеќе заболени. Така, иако тие бидат со полесни симптоми, сепак, големиот број заразени може да ги оптовари капацитетите на матичните доктори, но и да ги наполни болниците.Тоа мора да го амортизираме. Интенција ни е да ја развлечеме состојбата со ширење на новата мутација и да добиеме на време и сите пациенти да бидат опслужени на време и на најдобар начин, вели Олумчев.

Според него не е решение да се затворат угостителските објекти и трговските центри, но, граѓаните треба да ги избегнуваат собирањата во домашни услови, особено сега во претпразничните денови.

И додека минатата година Владата пред новогодишните празници излезе со кампања насловена како „Празнувај одговорно!“, оваа година состојбата на терен е поинаква. Туристичките агенции нудат безброј аранжмани, кафулињата и дискотеките спремни со понуди за дочекот на најудата ноќ, додека пак оние кои сакаат да останат во домашна атмосвера, преку социјалните мрежи на големо бараат станови и викендици за дочек со своето друштво.

Од Министерството за внатрешни работи за НОВА ТВ кажаа дека засега нема најава за полициска контрола за време на новогодишните празници и за Нова година кои ќе проверуваат дали се почитуваат одлуките за заштита од ковид-19.

– Апелираат до граѓаните во периодот пред, но и за време на празниците да се воздржат од употреба на пиротехника затоа што тоа може да доведе до повреди односно траен инвалидитет кај лицата. Потстетуваме дека и употребата и продажбата на овие пиротехнички средства е казнива и МВР најостро ќе ги санкционира. Министерството за внатрешни работи  во овој период спроведува превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, велат од министерството.

Тие исто така апелираат до граѓаните за одговорност во сообраќајот и почитување на законите.

– МВР во овој период ќе има зајакнати контроли  за да се санкционираат оние кои непочитувајќи ги законите ја загрозуваат безбедноста на останатите граѓани. Особено предупредуваме доколку консумирате алкохол никако да не седнувате зад управувачот на возилото затоа што тоа може да биде кобно. На сите граѓани им посакуваме среќни и весели празници, но и одговорно однесување, додаваат од ресорното министерство.

И.Р.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.