Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како заврши првото банкарско полугодие-на штедни книшки историски 6,3 милијарди евра

0
By Нова ТВ on August 8, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само по основ на потрошувачки ненаменски кредити граѓаните во банките долажт 1,4 милијарди евра а здолженоста за станбени кредити се доближи до 777 000 000 евра – покажува пресекот на податоците за првото банкарско полугодие, , пренесува неденлната економска анализа на Portalb.mk..  Вкупната депозитна база заклучно со шестиот месец изнесува 6,3 милијарди евра. Народната банка на крајот од јуни и на месечно и на годишно ниво регистрираше раст на штедењето и на кредитирањето, сепак кај кредитирањето на компаниите се забележуваат “срамежливи“ стапки на раст, што е показател за натамошна зголемена внимателност и кај кредиторите и кај клиентите.

Најголеми долгови за потрошувачки и станбени кредити

Првото банкарско полугодие од 2019 година  заврши со раст на вкупните кредити на годишно ниво од 8,1%. Официјалните податоци покажуваат дека на крајот од шестиот месец од годинава вкупната кредитна изложеност кон банките изнесува 5,38 милијарди евра што на месечно ниво преставува раст од 0,7%. Пораст има и кај денарските и кај девизните кредити. За домаќинствата и натаму најатрактивни се потрошувачките ненаменски кредити и станбените кредити, првите се со годишен раст од 12% а вторите со стапка на раст на годишно ниво од 12,9%. На трето место според износот на задолженост на домаќинствата се кредитните картички. Еве колку и по кој основ должеле граѓаните заклучно со јуни, 2019 година.

Кредити дадени на физички лица: 

Потрошувачки кредити                        1,4 милијарди евра                  

Станбени кредити                                777,0 милиони евра

Кредитни картички                               195,2 милиони евра

Негативни салда на тековна сметка   111,4 милиони евра 

Автомобилски кредити                            5,2 милиони евра

Други кредити                                         68,6 милиони евра

Растот на кредитирањето е нотиран и во најновиот Извештај за монетраните движења во Република Северна Македонија.

“Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории – потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,5% и 1,0%, соодветно, при годишно зголемување од 12,0% и 12,9%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити забележаа месечен пад од 1,2%, при годишен раст од 4,0%, додека кредитите одобрени на кредитни картички на месечно и на годишно ниво остварија намалување од 0,4% и 1,5%, соодветно. Негативните салда на тековните сметки забележаа месечен и годишен раст од 1,9% и 2,7%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи остварија месечен раст од 0,4%, при истовремен годишен пад од 8,2%“ – соопштија од НБМ.

Во јуни, кредитирањето на фирмите е со месечна стапка на мал раст од 0,2% којашто во целост се должи на зголеменото кредитирање во странска валута, додека кредитирањето на корпоративниот сектор на годишна основа е со раст од 6,4%.

Вкупни кредити, јуни 2019:

Кредити на домоќаинства

Кредити на корпоративен сектор

Во банките “лежат“ 6,3 милијарди евра

Со пораст на штедењето и на фирмите и на домаќинствата , во јуни на месечно ниво е регистрирар раст на вкупните депозити од 0,9% а на годишно ниво депозитната база е зголемена за 10,5%.

Структурата на штедењето покажува дека корпоративниот сектор на крајот од шестиот месец од годинава раполагал со депозити во износ од 1,6 милијарди евра а домаќинствата во банките чувале 4,2 милијарди евра.

“Вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен раст од 0,4%, во најголем дел заради растот на депозитните пари, како и растот на орочените депозити во денари и во странска валута. Годишниот раст изнесува 9,0% и произлегува од зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари и во странска валута“ – велат од Народната банка.

Анализите покажуваат дека банките во земјава и натаму “пливаат“ во пари, односно високата ликвидност и натаму е со нагорен тренд. Вишокот на  слободни парични средства ги  насочуваат кон расположливите депозити кај Народната банка

“Банките во целост ја задоволија повисоката побарувачка од сопствени средства, при што вишокот девизна ликвидност којашто произлегуваше од повисокото кредитирање со валутна клаузула и флексибилното управување со девизните средства и обврски го насочија на меѓубанкарскиот девизен пазар“ – велат од НБМ и посочуваат дека е изменерно ниско и стабилно учество на нефункционалните во вкупните кредитни во портфолија на банките.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.