Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каков ефект има Ковид кризата врз европските демократии?

0
By НОВА ТВ on May 18, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во напис за CNN Лук Мекги и Саскја Вандорн објаснуваат дека повеќето лидери во ЕУ на некој начин ја зголемиле нивната моќ и дека малку од нив имаат реални планови за како да ја вратат таа моќ по завршувањето на пандемијата. Писателите од CNN дури сметаат дека ни Франција нема ваков план.

Минатата недела, националното собрание на Франција во средата одобри создавање на КОВИД-19 „здравствен пас“ што луѓето можат да го користат за да присуствуваат на спортски настани, фестивали и тематски паркови со голем број луѓе, што е жестоко оспорена владина мерка за безбедно отворање на економијата. Исто така вонредната состојба ќе продолжи во Франција до септември од оваа година што значи дека државните органи имаат повеќе моќ во ваква ситуација отколку во нормални услови на демократија.

Во текот на своето претседателствување, Емануел Макрон беше обвинет за оддалечување од центристичката либерална платформа на која беше избран во 2017 година, особено за засилување на ставовите кон исламот и имиграцијата (односно поместувајќи се во подесничарска политичка ориентација), но и за како тој раководи со Франција за време на пандемијата.

Во многу држави низ светот каде што се воведоа полициски часови и други видови на рестрикции заради Ковид пандемијата, полицијата доби дополнителни овластувања за што може да прави и на кој начин може да се однесува со жителите од својата држава. На пример, за време на новогодишните празници имаше строги мерки во С. Македонија. Владата тогаш препорача „засилени контроли и инспекциски надзори од страна на полициските службеници и надлежните инспекторати за почитување и спроведување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, во претстојниот период на новогодишни и верски прослави кои ќе започнат да се применуваат од 18 декември 2020 година до 20 јануари 2021 година“.

Прашањето е кога полицијата и други органи на државата добиваат вакви овластувања во време на вонредни услови на пандемија, како се враќа едно општество во одредена нормала откога заканата по јавното здравје не е веќе присутна?

Democracy Reporting International (DRI) неодамна објави сеопфатна студија за тоа како владите низ Европската Унија реагираа во контекст на демократијата и владеењето на правото. Франција беше наведена како земја со „значителна грижа“ за степенот до кој нејзината влада ги сруши правните норми.

Во извештајот, други држави пак имаат и полоши класификации од Франција, како на пример Унгарија и Чешка. Во извештајот стои следното:

„Во Унгарија, владата донесоа повеќе предлог-закони во парламентот со кои се дозволува да владее со декрети и без нив судски преглед, заедно со уставниот амандман со кој ефикасно се отстранува парламентарната контрола. Овие декретите можат да суспендираат или да се разликуваат од законот, а само премиерот може да одреди кога се користи од овие овластувања за итни случаи веќе нема да бидат потребни.“

Други држави исто така се на листата на овој извештај кои имаат сличен рејтинг на „сериозна грижа“ како Австрија, Словенија, Белгија и Литванија. Само Шпанија го има рејтингот „никаква грижа“.

Извештајот завршува со тоа дека за сега нема јасен излез од оваа ситуација. Во извештајот стои следното:

„Додека националната стратегија за излез ќе биде од суштинско значење за тековното управување со пандемијата, ефективен пан-европски менанџмент за управување ќе биде потребен за заедничка стратегија и координација на ниво на Унијата. Подлогата е поставена за ова; во февруари 2021 година, Советот на ЕУ донесе ажурирана препорака за координиран пристап кон ограничување на слободното движење како одговор на Ковид-19 пандемијата. Советот на ЕУ ги повикува членките на сојузот да усвојат заедничка стратегија преку координирано маркирање во боја, заеднички критериуми за воведување на ограничувања за патувања, јасност на мерките за патување до/од области со висок ризик и обезбедување на информации до јавноста. Заедничките и координирани стратегии низ ЕУ можат да го поддржат безбедно враќање на слободно движење и долгорочно закрепнување на Унијата и нејзините земји-членки.“

 

Елена Гаговска

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.