Силниот земјотрес кој неодамна ја погоди руската Камчатка предизвикал поместување на полуостровот за цели 2 метра, како и благо намалување на неговата висина, соопштија од Руската академија на науки.
Според Данила Чебров, директор на Камчатскиот огранок на Обединетата геофизичка служба, не се очекуваат нови сериозни последици од потресот.
Поместувањето е директен резултат на силен земјотрес. Затоа, таму нема да се случи ништо дополнително, освен она што следи како дел од процесот на афтершокови, изјави Чебров за локалнитте медиуми.
Иако регионот останува сеизмички активен, Чебров нагласи дека овие промени се дел од природниот тек на настаните по вакви големи земјотреси, и дека нема причина за паника.