Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камчев и одговори на Владата

0
By Нова ТВ on April 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дарко Јаневски, Главниот и одговорен уредник на „Дневник“ денеска излезе со одговор на Владата по нејзиното писмо во овој весник во кој се критикува нивниот текст за Клиниката за гинекологија.

Во одговорот на Јаневски со наслов ” ‘Kога Владата имала седница за „Дневник“? се вели:

“Тоа што би сакале да знаеме е кога Владата изградила став во врска со ова прашање, кој, колку да не биде дека не е споменато, е полн со клевети на кои обично самата Влада бурно реагира.

„Став на Владата“ како што стои во дописот до „Дневник“, подразбира белким дека имало седница, на која премиерот Груевски и министрите, меѓу две расправии за посетата на Ештон, извештајот на Филе, спорот за името и шпекулациите во грчките медиуми за Горна Република Македонија, и згора на сe, јавното обраќање на лидерот на ДУИ Али Ахмети за тоа дека дошло време за НАТО, потрошиле време и изградиле став за „Дневник“ и за шпилхозните на Kлиниката за гинекологија.

Ако, пак, не е став на Владата, тогаш молиме да ни биде препратена нова, прецизна реакција за титуларот во врска со наводно спорното прашање.

Понатаму, би сакале да знаеме дали „ставот“ на Владата е дека тоа што е објавено е неточно или точно? Ако е точно, а тоа впрочем го потврдуваат и од самата клиника, и очигледно причините се сосема објективни, а ние тоа само го констатиравме, тогаш каде е проблемот? Се чини во измешаните баби и жаби во оваа реакција.

Патем, би замолиле Владата да си ја смени службата која чита дали во „Дневник“ е објавено нешто позитивно за јавното здравство или не. Оти очигледно сегашната не функционира добро.

И на крајот, би замолиле и да ни се објасни како тоа Владата мисли дека ние, кога веќе со тенденциозни текстови успеваме да ги одвратиме пациентите од скопската клиника, истовремено успеваме и да ги насочиме токму кон „Систина“, а не кон „Ремедика“ или кон некоја друга гинеколошка клиника во Македонија.

И патем, би било добро, јавно, на ист начин на кој е испратен и овој „став на Владата“ – јавно и до сите медиуми, да ни се достави од извршната власт листа на сите области што компанијата на Орце Kамчев (кој што е само еден од сопствениците на МПМ) во сферата на здравството ги покрива, за да знаеме, според владината логика, за што од јавното здравство смееме, а за што не смееме да пишуваме.

Kолку да бидеме на чисто”, се вели во одговророт на “Дневник” потпишан од главиот уредник Јаневски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.