Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каменос: Грција е жртва на меѓународен заговор

0
By Нова ТВ on January 27, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сојузништвото помеѓу радикалната левица Сириза и популистичката десница на Независните Грци иритира и во Европа и во Грција. Следејќи ја својата прагматична логика Алексис Ципрас одлучи да направи коалиција со Панајотис (или скратено Панос) Каменос, политичар кој се бори со жестина против мерките за штедење и “тројката” (Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка).

Доближувањето на двајцата политичари почна во мај 2012 година по парламентарните избори кои не им дозволија да добијат мнозинство. Ципрас уште тогаш рече дека е спремен да ја прифати поддршката на Независните Грци. Димитрис Пападимулис, пратеник на Сириза, силно ја критикуваше оваа позиција: “Минатото и ставовите на Каменос го ставаат уште подесно од Неа Демократија што ја прави невозможна пост-изборната соработка”, рече тој тогаш.

Две и пол години подоцна, оваа соработка се чини можна иако дебатата на таа тема, помеѓу приврзаниците на реализмот во Сириза кои сметаат дека приоритет е економијата и оние од партијата кои сметаат дека ова сојузништво е контра природно, и понатаму е жива.

Панос Каменос е роден во 1965 година и е еден вид архетип на грчки политичар, демагог, популист, кој зборува со повишен тон и не се повлекува пред ниту една срамна изјава. Последната од овој тип е посебно непријатна. Во декември тој рече, во едно ТВ интервју, дека “будистите, евреите и муслиманите не плаќаат данок” како што тоа го прави православната црква која “ризикува да ги загуби своите манастири”. Во истиот разговор тој ја критикуваше кремирањето на мртвите и цивилното партнерството помеѓу хомосексуалците.

Најголемиот дел од политичката кариера на Каменос се одвиваше во Неа Демократија. Бил министер на морнарицата од 2006 до 2008 година и за тоа време ја преговараше концесијата на пристаништето Пиреја со Кинезите. Сето тоа не го спречува да носи мајца на која пишува “Грција не е на продажба”.

Тој е приврзаник на нова рамнотежа на грчките односи: «Нашето членство во НАТО и ЕУ не е спречува да имаме политички, економски и културни односи со други земји и посебно со оние кои имаме историски врски како Русија или Кина», рече тој во октомври 2014 година во Германија. Тој бара «почит на сувереноста на земјите членки на ЕУ».

Каменос ја напушта Неа Демократија во ноември 2011 година кога нејзиниот претседател Андонис Самарас им сврте грб на критиките на Меморандумот за поддршка на преодната влада на поранешниот потпретседател на Европската централна банка Лукас Пападемос. Во февруари 2012 година тој ја основа партијата Независни Грци велејќи дека Грција «е жртва на меѓународен заговор».

Со своите агресивни изјави против «тројката» тој успева да стаса до 10 отсто на избори само три месеци по основањето на партијата на изборите во 2012 година.

Помеѓу двата избори тој се наоѓа во центарот на една полемика. Претседателот ма републиката се консултира со партиите во обид да направив лада на национално единство. Во едно писмо Каменос објаснува дека е подготвен да учествува во таа влада ако неговата партија го добие министерството за одбрана. Но потоа демантира дека го напишал тоа писмо и го обвинува за лага службите на претседателот што за Грција е шокантно.

Односите во партијата се напнати. Многу членови луто си заминаа или беа избркани. Тој редовне е предмет на полемики поради своите изјави или поради својот луксузен начин на живот. Тој ветува дека ќе ја нападне корупцијата и даночните раеви но медиумите откриваат дека тој има семејна јахта на која сопственик е офшор фирма. Или пак дека мајката на неговата сопруга со европски фондови ја реновирала својата куќа на островот Икар и ја претворила во туристичка резиденција. Каменос демантира дека имало било какви нерегуларности и ги тужи сите оние кои го обвинуваат.

Тој призна, и го оправдува, вработувањето на свој роднина во парламентот кој е платен од државни фондови: «Тој е универзитетски професор. Работи во мојата партија. Работи многу, од сабајле до вечер. Каде гледате проблем?», вели тој. Да споменеме дека роднината носи исто име и се вика Панајотис Каменос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.