Показна вежба со презентација на ризиците од употреба на пиротехничките средства ќе се одржи денеска на плоштадот Македонија во Скопје, во организација на СВР Скопје-Одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје.
Настанот е во рамки на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства, која, како што е најавено, има за цел да влијае на свеста на граѓаните да не ги употребуваат овие средства.
На настанот, ќе учествуват и претставници од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, како и учениците од Средното училиште за ликовна уметност „Лазар Личеновски“ со ликовни творби на тема: Петардите не се играчки, стоп на употребата на пиротехнички средства.