Накит во вредност од повеќе од 1 милион долари е украден од хотелот Новотел, пред да може да биде даден на ѕвездите кои присуствуваа на Канскиот филмски фестивал, јавува Си-Ен-Ен.
Накитот, кој беше наменет за позајмување на актерите при одење на црвениот тепих, беше направен од страна на швајцарската луксузна јувелирница Шопар.
Крадците влегле во собата на вработен од Шопар во хотелот Новотел во центарот на Кан пред отворањето на сефот и го одзеле накитот.
Полицијата потврди дека наградата Златна палма, која се доделува на директорот на најдобар филм на фестивалот, е безбедна.
Јувелирницата „Шопар“ е официјален спонзор на Канскиот филмски фестивал веќе 16 години.