Уапсен е Џастин Бурк, осомничен за убиството на тројца полицијаци во Монктон, Канада, како што соопшти полицијата по опсежната потрага.
– Џастин Бурк е уапсен и сега е во притвор. Жителите на северен Монктон сега можат да излезат од дома. Двајцата ранети полицајци се во стабилна состојба, соопшти полицијата.
Во тој канадски град има околу 70.000 жители и вакви инциденти се вистинска реткост.
Вчера беа убиени тројца полицајци, а двајца беа ранети во престрелка во источниот дел на Канада. Полицијата во провинцијата Њу Брунсвик соопшти дека по инцидентот добиле известување за вооружен човек со маскирна униформа.
По што следуваше предупредување до луѓето дека мора да останат внатре каде што се наоѓаат и да ги заклучат вратите.