Германската канцеларка Ангела Меркел помина ден како наставничка по историја во едно од берлинските средни училишта и дискутираше за почетокот на изградбата на Берлинскиот ѕид што ја подели Германија на Источна и Западна, а се случи на 13.август 1961 година.
На учениците им откри дека истата година таа всушност тргнала на училиште и, како што рече, нејзини омилени предмети биле германскиот јазик и математика.
Меркел израснала во комунистичка Источна Германија и дел од своето искуство им го пренесе на учениците.