Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Канчевска – Милевска: Лидерите да седнат на заедничка маса и да го истуркаат овој процес

1
By Соња Петрушевска on October 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Елизабета Канчевска Милевска повика на заедничка маса да седнат лидерите на двете партии затоа што како што рече „потребен е консензус и одржливо решение што може да се обезбеди со суштински измени на некои работи во договорот“.

„Лидерите треба да го истуркаат овој процес и да помогнат – голема е нивната одговорност за земјата да не остане изолирана и иксрено да се пристапи кон решавање на ова прашање“ кажа Канчевска Милевска.

Ако не си ги признаеме грешките и едните и другите нема да одиме напред.

Патриот за мене  оној кој мисли на иднината на државата , активно дава предлози за решение и учествува во нив“ кажа Канчевска.

Канчевска напомена дека е „нечесно“ да се префрла цела одговорност врз пратениците кои немаат мандат да пристапат кон менување на уставното име затоа што дале заклетва дека ќе го почитуваат Уставот.

„Мислевте дека брзо ќе успеете да го протуркате ова сензитивно прашање и да ја префрлите одговорноста врз пратениците што не е чесно“ кажа Канчевска Милевска.

Пратеничката ја критикуваше власта поради лошо менаџирање на целиот процес, поради што ја пропуштила шансата уставните измени да бидат  акламативно усвоени . Според Канчевска, власта селективно информирала за  текот на преговорите, не го информирала шефот на државата и претседателот на опозицијата а било скратено и правото на пратениците директно да се информираат за договорот на комисијата за надворешна политика.

Канчевска напомена дека не смеело да се организира референдум без да се обезбеди национален консензус и да се прифати промена на уставното име без да има обезбедно мнозинство во Собранието.

Премиерот Заев во реплика до Канчевска кажа дека процесот се водел транспаретно и дека претседателот и шефот на опозицијата биле консултирани. Во однос на рефрендумот Заев наведе дека „доколку Мицкоски се согласеше да го повика членството да гласа „против“ рефереднумот ќе беше задолжителен“.

За повикот да биде вклучена и опозицијата, Заев рече дека уставните амандмани ќе ги пишуваат заедно со опозицијата.

„Заедно ќе ги правиме уставните амнадмани и власта и опзоицијата – да го појасниме идентитетот и јазикот – тоа што ни тежи“ кажа Заев.

Собраниската седница за пристапување кон измени на Уставот ќе продолжи утре. Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Дрган Данев побара Собранието да работи и по 18 часот, но барањето не беше прифатено од спикерот Џафери. Расправата се очекува да заврши до четврток.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.