Еден од кандидатите за градоначалник на општина Ресен поднесе приговор до ДИК, МВР и ОБСЕ за насилни притисоци врз гласачите на кои претставници од други партии им влегуваат во домовите, со забрана да гласаат.
Освен тоа, буквално со конвои пристигнуваат жители од Мала Преспа и за да гласаат за другиот кандидат им се делат прехрамбени продукти изјави за НОВА кандидатот кој поднел приговори.
Тој најави дека ако продолжат ваквите притисоци планира да се повлечи од изборната трка уште пред да заврши гласањето.
Во приговорот пак, кој го објавува Вест пишува:
„На подрачјето на општина Ресен, присутна е група на лица облечени во цивил кои се претставуваат како припадници на специјална единица Алфи, при тоа покажувајќи значки, ознаки на таа единица.
Овие лица се закануваат на гласачите, ги отстрануваат набљудувачите од местата определени за гласање. Се надеваме дека во интерес на демократијата, слободните и фер избори, ќе се преземат мерки за гасачите да можат да го остварат своето гласачко право.
Информираме дека на жители од Мала Преспа, Република Албанија кои се носат со автобуси и комбиња во просториите на транспортното претпријатие, се врши делење на месо, брашно, копани , прехрамбени производи со цел да гласаат за еден од кандидатите „
Наспроти ова, од Општинската изборна комисија велат дека нема приговори, туку неосновани реакции. “