Во Кочани, кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ бил повикан на разговор во МВР, поради сомнение за поткуп на гласачи.
Случајот се работи по консултација и налог на Основното јавно обвинителство. Кај него се најдени пари, списоци на гласачи и друг материјал.
– Стравот на СДСМ од неминовниот изборен пораз кој ги очекува на 15-ти октомври кулминира. Полициското сослушување на кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ во Кочани е одраз на стравот на СДСМ од изборениот пораз кој ги очекува. Toa e само обид на затскривање на вистинските нерегуларности кои се случија во овој предизборен период, како убиство на кандидат за градоначалник, вперување на пиштоли врз друг кандидат, кршење на изборни штабови и користење на државните ресурси во партиски цели – пишува во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

