На Конгресот на СДСМ во моментов на кафе се досегашниот лидер Бранко Црвенковски и тројцата кандидати Зоран Заев, Зоран Јовановски и Кире Наумов, но и Игор Ивановски, кој вчера неочекувано ја повлече кандидатурата заради партиските битки со кои не се согласува.
За отприлика еден час би требало да се знаат резултатите од тајното гласање за избор на нов претседател на СДСМ и се уште е неизвесно дали кандидатите ќе одат во втор круг, односно дали ќе има втор круг на гласање.
Претходно, како што регистрираа камерите на НОВА, на кафе беа тројцата кандидати Заев, Јовановски и Наумов, а сега им се приклучија и Црвенковски и Ивановски.
Инаку, гласањето за нов претседател на СДСМ е тајно при што за избран кандидат за претседател се смета оној што ќе добие 50 отсто од гласовите на делегатите, но притоа треба да гласаат барем една третина од нив. Ако никој не освои 50 отсто од гласовите, тогаш ќе има втор круг во кој учествуваат кандидатите кои освоиле најмногу гласови во првиот круг.