Кирил Пецаков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид прогласи победа над Константин Георгиевски од СДСМ, со разлика од повеќе од 4.200 гласови.
– Почнуваат нови и прекрасни денови, како за Охрид, така и за Македонија, порача Пецаков.
Пецаков во текот на изборната кампања најави реализација на повеќе капитални и инфраструктурни проекти, ефикасна локална администрација, ликвидни јавни претпријатија, многу работа и отчетност.
– Чесни, со крената глава и достоинствено, ја побаравме поддршката на охриѓани и ја добивме. Народот е свесен дека на Охрид и Македонија им се потребни промени. Ова е победа на сите што заслужуваат заедничка иднина. Охриѓани јасно докажаа дека се против криминал, корупција и апатија и сакаат промени и нова светла иднина, кажа Пецаков