Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кандидатот за претседател на Бугарија Лозан Панов: Подавам рака на соседите

0
By Ivana on November 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативата „Правда за секого“ и поддржан од Демократска Бугарија, Лозан Панов деновиве ќе го посети Скопје каде, според најавите, ќе има средби „со пријателите на Бугарија и со претставници на македонските Бугари на кои ќе се разговара за иднината на бугарско-македонските односи“.

Пред посетата на Скопје, Панов кој е првиот кандидат за претседател на Бугарија, кој ќе ја посети земјава, во изјава за дописникот на МИА од Софија, рече дека во последните години неможноста да се постигнат компромиси кои се од заеднички интерес ги ставија односите меѓу Бугарија и Северна Македонија во ќорсокак.

Панов, кој е отворен критичар на состојбите во судството во Бугарија и истакнат судија и прв човек на Вишиот касациски суд, а претходно и на Управниот суд, смета дека само договорот е она што најмногу може да донесе до приближување на позициите меѓу двете земји, но, како што вели, „емотивната поврзаност сама по себе е товар во решавањето на заедничките прашања“.

Според Панов, проблемот е што додека Бугарија и Република Северна Македонија се расправаат за својата историја, трета страна им ја одзема можноста да градат заедничка иднина, а во случајов важи изреката „двајца се картаат, третиот користи“. Тој предлага разговорите меѓу двете земји да се засноваат на добра волја, а пред се, да се оневозможи „доктринирање на преговорите меѓу Софија и Скопје“.

Панов е дециден дека говорот на омраза е сериозен проблем во бугарско-македонските односи. – Говорот на омраза го насочува нашиот балкански темперамент во погрешна насока и затоа нема место во добрососедските односи, а уште помалку во образованието на идните генерации, вели Панов за МИА, додавајќи дека „подава рака на соседите“ и дека тие што ги довеле односите меѓу Софија и Скопје во ќорсокак ќе го искористат во оваа предизборната кампања.

Тој е подготвен да го преземе овој ризик, бидејќи, како што вели, во моментов европската иднина на регионот е тест за интегритетот на секој политичар, без разлика на која страна од границата се наоѓа. – Нашиот заеднички пат е Европа и ова прашање не треба да се поставува ниту со дали, ниту со но, вели Панов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.