Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караџовски: МРСА не е смртоносно заболување, туку инфекција – нема нови случаи

0
By Нова ТВ on March 13, 2019 ВЕСТИ
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во текот на денешниот ден не се пристигнати пријави за новоифицирани со бактеријата МРСА. За граѓаните е најбитно да не се крева паника, не се работи за тешко смртоносно заболување, се работи за инфекција, изјави денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Посочи дека во врска со вчерашното известување за појава на бактеријата кај четири лица од кои две деца и двајца возрасни во Скопје, денеска во три наврати контактирал со Државниот санитарен и здравствен инспектора и му било кажано дека нема пристигнати пријави за новоинфицирани.

– Инфекцијата на кожа може да создаде нејзино воспаление и да се појават таканаречени чирчиња кои потешко се лекуваат и бараат подолготраен третман. Опасно би било да се добие МРСА кај штотуку родени бебиња заради фактот дека имаат многу чувствителна кожа и ако имаат кожни промени може да дојде до тешко воспаление на кожата. Оваа бактерија ако ја има во грлото и носот во голема количина може да направи бронхит и воспаление на белите дробови кои тешко се лекуваат, рече емидемиологот Караџовски.

Потенцира дека бактеријата многу често ја има во последно време, а за да стане смртоносна треба да исполнети повеќе услови односно се регистрира кај лица со нарушен имунитет, кај лица кои имаат други тешки заболувања, чие претходно заболување може да придонесе за отежнато и подолготрајно лекување. Оваа бактерија, нагласи, бара посебен третман, заради тоа што нејзината вирулетност е голема и бара изолација.

– Секое лице кое е инфицирано со оваа бактерија мора да се изолира од колективот, односно во здравствена институција, во болничка соба каде не може да дојде во контакт со други лица… треба кај матичен доктор да се лекува согласно антибиограмот. Лекувањето трае најмалку седум до десет дена и не смее да се прекинува. Оној момент кога ќе добиеме негативна култура односно кога во брисот од нос и грло нема да најдеме присуство на оваа бактерија лицето може да продолжи со својата работа. Затоа внимателно во делот на испишување или кажување дека се работи за смртоносна бактерија. Истите лица кои вчера беа „тешко болни“ денеска функционираат без проблем, рече епидемиологот Караџовски.

Појасни дека станува збор за бактерија која прави контаминација на својата околина, која тешко се искоренува, заради тоа што не реагира на најголем број антибиотици, но, има антибиотици од групата ванкомицин кои се даваат во редовна употреба за нејзино лекување.

Тој рече дека во носот, ждрелото и на рацете и при секое кивање, кашлање, зборување, чепкање нос и триење со рацете на површината, ја има бактеријата стафилокок.

– Ако рацете не се мијат често пати во текот на денот може со самото поздравување, чепкање и дување нос да се пренесе освен оваа бактерија и одредени количини други бактерии и вируси. Основата на се е недоволната хигиена. Ако се открие бактеријата во болнички установи се констатира дека условите на механичко чистење, дезинфекција и стерилизација на околината во која живеат и работат пациентите и персоналот не е на задоволително ниво, истакна емидемиологот Караџовски.

Додаде дека при испитување на секоја култура, секој брис, потребно се 48 часа за децидно да се каже има или нема присуство на одредена бактерија.

Како што вчера потврдија од ДСЗИ за НОВА, кај четири деца е пронајдена бактеријата МРСА во нос во градинката „Снежана“ во Чаир, а во основното училиште „Панајот Гиновски“ кај едно од децата. Се почнало минатиот месец кога мајка пријавила дека кај нејзиното дете во нос е пронајдена бактеријата МРСА. Веднаш биле земени брисеви на сите 37 деца при што кај 3 била откриена МРСА,а кај две стафилококус ауреус.

„Наложено е да се направи дезинфекција, проветрување и сите други мерки во вакви ситуации, а децата се лекуваат и не доаѓаат во градинка“, потврдија во ДСЗИ за НОВА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.