Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каракачанов: Сакаме да го купиме споменикот на Борис Сарафов кој беше отстранет

0
By Нова ТВ on February 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интересно е, сепак, зошто се менува името на улицата Борис Сарафов. Оваа улица нема да го носи името на револуционерот, кој заедно со Анастас Лозанчев и Даме Груев беше во седиштето на Илинденското востание. Па, нема сомнеж дека Борис Сарафов е Бугарин. Неговата единствена „вина“ за оние во Скопје очигледно е дека тој е Бугарин и дека е офицер во бугарската армија. Исто така, да ги потсетам дека заедно со Гоце Делчев, Борис Сарафов е дипломирал на бугарско воено училиште во Софија.

Едниот го прогласувате за Македонец, а демонстративно го исфрлате неговиот брат Борис Сарафов од вашата историја“, напишал бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов на својот Фејсбук профил откако Град Скопје даде предлог да го врати старото име на улицата „Борис Сарафов“ и да ја именува повторно во „4 Јули“.

Тој исто така истакнува дека неговата партија ВМРО сака да го купи споменикот на Борис Сарафов, кој повеќе од четири години е отстранет од пред зградата на Министерството за надворешни работи во Скопје.

„Откако неговиот споменик беше тивко отстранет пред извесно време, ова е втор јасен гест од владејачките власти во С. Македонија. Каква друга причина би имале да се срамат од Сарафов освен што е Бугарин? Уште еднаш апелирам до надлежните во Скопје: ВМРО-БНД е подготвена да го купи отстранетиот споменик на Борис Сарафов, кој до неодамна чекаше во дворот на леарницата во градот да се стопи како старо железо“, стои во објавата на Каракачанов.

Ова е втора ваква реакција од Бугарија, откако вчера новинската агенција БГНЕС прилично остро реагираше преку свој текст за враќањето на имињата на улиците во град Скопје.

На агенцијата ѝ пречи тоа што Шилегов го вратил името на улицата по водачот на болшевичката револуција во Русија во 1917 година, Владимир Илич Ленин.

„Шилегов исто така ја избриша улицата на еден од основачите на ИМРО Христо Батанџиев и на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во 2004 година во авионска несреќа. И денес македонската престолнина е единствениот град во Европа каде се среќаваат улици и булевари со имиња на комунистички лидери, вклучувајќи го и диктаторот Тито. Не постои ниту една улица во градот именувана по барем една од десетиците илјади прогонувани и убиени од 1945 година. Со имињата на комунистичките водачи, има многу фабрики, училишта, па дури и културни центри“, стои во текстот на БГНЕС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.