Фани Каранфилова Пановска: На општеството му се случува сериозно назадување – вели заменик претседателката на СДСМ. Бегството на груби е индиција за политичка соработка меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ веќе подолго време и со тоа што се случува во Собранието, а и со тоа што се случува надвор од институциите и Собранието, со сите оние обиди де факто или наводно да се дестабилизира нашава државаВо изманатите шест месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, освен сериозно потфрлање во сите нивни ветувања, ништо друго не гледаме. Покажуваат елементарна неспособност да ја водат државата и институциите ништо а има сериозни намери и тенденции, системот на владеењето на правото, безбедноста да се води единствено согласно партиските интереси. Се случуваат голем број политики и процеси кои значат уназадување. Во собранието со предлог законот за јавни набавки се укинува контролата, тука е и сетот измени на закони за образованието, со кои се нарушува инклузивноста на образовниот процес, се спречува можноста од дискриманција, се ограничува начинот на средношколско здружување.