Македонските ререзентативци членови на карате клубот Макпетрол, кои се најдобро рангирани на Светската ранг листа во карате спортот, денеска заминаа на турнирот од 1 Премиер Карате Лига, од така наречената А серија, што се одржува во Гвадалахара, Шпанија.
На Турнирот ќе учествуваат 1.354 спортисти од 82 држави, што го прави овој турнир со многу силна конкуренција.
Турнирот е само за сениори и сениорки и тие настапуваат во дисциплината кати и борби во поединечна конкуренција. Секој остварен пласман до деветтото место и евентуално освоен медал, ќе значи и подобрување на рејтинг листата на нашите спортисти.
За Гвадалахара отпатуваа следните спортисти: Сара Радичевска (до 50 кг), Симона Заборска (55 кг), Наташа Стефановска (61 кг), Моника Стефановска (68 кг) и Петар Заборски (75 кг).