Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карл Билт загрижен за иднината на Македонија

0
By Нова ТВ on April 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Карл Билт загрижен за иднината на Македонија

Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт е позагрижен за Македонија отколку за било која било друга земја соочена со политичка криза во регионот. Ваквата загриженост тој ја искажал во интервју за телевизијата Ал Џезеира за време на неговиот престој деновиве во Загреб. Во интервјуто Билт оценил дека моменталната состојба во нашата земја е неодржлива и дека постои ризик таа да се влоши уште повеќе ако наскоро не се најде решение во спорот за името со Грција и за внатрешните проблеми, особено посочувајќи ги настаните околу 24 делември.

„Тоа ќе влијае на Македонија, но може да има последици и за регионот. Тоа значи дека моментално сум повеќе загрижен за долгорочната ситуација во Македонија отколку за ситуацијата во која било друга земја во регионот“, рекол Билт во силна „конкуренција“ на кризите во БиХ и таа околу Србија и Косово. Според него, оваа состојба бара меѓународен ангажман, покрај тој на медијаторот на ОН, но подразбира исто така лидерите на Скопје и на Атина да бидат во состојба да преземат неопходни чекори околу спорот.

Изјавата на Билт е илустрација на алармот во меѓународната заедница за испреплетување на кризите во регионот, и тоа повеќе од границите на Западниот Балкан. Освен проблемите во Македонија, Филе има комплексни проблеми во Албанија во која на 23 јуни треба да се одржат парламентарни избори за кои двете водечки партии водат рововска битка, а како трета по сила се очекува да се пласира фашистичката Црвено-црна алијанса чија програмска определба е референдум за обединување на Албанија и Косово. Бугарија ја тресе „вотергејт скандал“ во чиј центар е експремиерот Бојко Борисов и неговата влада, откако лидерот на социјалистите непосредно пред изборите на 12 мај објави дека биле прислушувани од власта претседателот на државата Росен Плевнелиев, еврокомесарката Кристалина Георгиева, Ахмед Доган, Иван Костов, Георги Прванов и други функционери.

Преговорите меѓу Србија и Косово во медиумите беа прокоментирани како „последна рунда на неуспех“, додека Грција се соочува со опасен пораст на популарноста на радикалните партии и е под притисок да ја забрани Златна зора за да не се најде во Парламентот или во власта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.