Вршителката на должноста директор на Клиниката за белодробни болести кај децата „Козле“, д-р Каролина Симоновска, денеска во допис до медиумите вели дека забранува нејзиното име да се споменува во медиумите, во каков било контекст.
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на вработена во болницата „8-ми Септември“, која го попречила новинарскиот тим на Клан телевизија при извршување на нивната работа.
Ги повикуваме надлежните институции да ја истражат оваа ситуација и да преземат соодветни мерки за заштита на новинарите при извршување на нивните професионални задачи. Истовремено, апелираме до сите јавни функционери и вработени во институциите да ги почитуваат демократските принципи и да соработуваат со медиумите во интерес на вистината и транспарентноста, стои, меѓу другото, во соопштението на ЗНМ.
Слободата на медиумите е еден од темелите на демократското општество, а секој обид за нејзино ограничување е закана за правото на граѓаните да бидат информирани.