Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Картелизација: Скриен бакнеж на квази – автократот

0
By Zoran Ivanov on November 20, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 20, 2025 17:11

Втората, далеку поподмолна алатка, е т.н. „ЗАКОН КАКО ИНДУСТРИСКИ ЧЕКАН“ (LAWFARE). Режимот не ве апси веднаш за да не ве направи маченик, туку ве обвива во леплива бирократска пајажина од финансиски ревизии и бескрајни судски процеси. Опозицијата е натерана да се трансформира во правно-сметководствена служба, чија креативна енергија е целосно исцедена на одбрана од измислени афери.

Ана Чупеска

Зошто се будиме во стагнација? Зошто политиката овде е веќе подолго време еден мачен, замрзнат кадар од филм кој никако да заврши? Ако мислите дека одговорот е во „неспособноста“ на актерите, се лажете. Тоа е површно, дури и наивно читање на реалноста. Вистинскиот одговор лежи во еден многу ПООПАСЕН, НАУЧНО ДОКАЖАН ФЕНОМЕН што во политичката наука го нарекуваме КАРТЕЛИЗАЦИЈА.

Притоа, не станува збор за теорија на заговор, туку за емпириски потврден механизам што хибридните режими – од Будимпешта до Белград – го користат, со цел НЕ да се уништи опозицијата, туку да се трансформира. Имено, од извор на алтернативна енергија, таа да се претвори во ПРАЗЕН АКУМУЛАТОР, кој системот го приклучува на полнач само тогаш кога му е политички згодно за да симулира демократија. Одговорно тврдам: ова што ни се случува не е обична органска слабост на опозицијата – како што малициозно се сугерира низ компромитираната јавност. Ова е системски инженеринг. ИЗВОРОТ НА ПАРАЛИЗАТА НЕ Е ВО СУБЈЕКТОТ, ТУКУ ВО КАРТЕЛИЗИРАНАТА ЛОГИКА НА ЦЕЛИОТ ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ.

Во ова наше доба, главната алатка на Квази-aвтократот веќе не е пушката или занданата, оти тоа е демоде. Неговото омилено оружје е ХЕМИСКАТА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА АЛТЕРНАТИВАТА. Клучната цел не е да се убие опозиционерот, туку да се создаде ПСИХОЛОШКА АНЕМИЈА КАЈ НАЦИЈАТА. Режимот не ја исклучува опозицијата од апаратите; тој, напротив, ја прикачува на апарати за одржување во живот, дозволувајќи ѝ да биде сведок на сопствената парализа. Публиката, односно граѓаните, гледајќи го овој импотентен натпревар, полека но сигурно се пасивизира и губи интерес за претставата.

Овој процес на „заробување“ се одвива во две пеколни фази.

Првата е со КООПТАЦИЈАТА, која делува како примарна инфекција на политичкиот организам или, народски кажано – „затнување уста со алва“. Тоа е моментот кога најострите опозициски сабји се тапат со доделување на функции од типот „Советник за стратешка тишина“. Тие добиваат сјај, секретарка и канцеларија со поглед, но имаат влијание врз реалната политика точно колку и семафорот кај „Мавровка“. И, ова е веќе применет рецепт, видлив и во Унгарија на Орбан, по што следува и создавање на економски Левијатан кој ја исцедува независноста.

Втората, далеку поподмолна алатка, е т.н. „ЗАКОН КАКО ИНДУСТРИСКИ ЧЕКАН“ (LAWFARE). Режимот не ве апси веднаш за да не ве направи маченик, туку ве обвива во леплива бирократска пајажина од финансиски ревизии и бескрајни судски процеси. Опозицијата е натерана да се трансформира во правно-сметководствена служба, чија креативна енергија е целосно исцедена на одбрана од измислени афери.

Трагедијата на оваа „картелизација“ кулминира во моментот на изборите, секако. Вистинското “соучесништво” се случува тогаш кога опозицијата, без јасен ултиматум, влегува во трка на терен кој е однапред систематски и системски контаминиран. Со секој таков изборен циклус, режимот забива уште еден клинец во смртниот ковчег на демократијата, а опозицијата, со самото учество, несвесно го полира клинецот. Таа станува потписник на сопствената политичка смртна пресуда, оставајќи фатален впечаток дека ја прифатила својата судбина да биде вечно втора, неопходен декор за одржување на фасадата на плурализмот.

Што се случува потоа?

Следува она што го именуваме како СТРАТЕШКА ПАРАЛИЗА, т.е. остварен сон на секој автократ.

Сепак, токму тука лежи шансата. Оваа наметната парализа може да се претвори во најсилното оружје преку позициција на стратешко повлекување. Ако институционалниот театар (Парламентот) е само сценографија за монодрама на власта, тогаш најлогичниот, најхрабриот чекор е да се напушти сцената. Зарем не?!

Уште повеќе, ова не е некоја теоретска апстракција, туку историски докажан метод: од Венецуела во 2005 до Србија во 2020, се покажа дека е апликативно, односно дека „нема претстава без публика“.

Севкупната опозиција мора да престане да биде плацебо и да стане лек. Тоа подразбира мораториум за секое некорисно учество во институциите кои служат како машина за мелење месо и пренасочување на енергијата кон градење алтернативни структури. Но, пред нешто такво, потребен е и морален преокрет. Бидејќи, интегритетот е единствената валута што режимот не може да ја испечати и не може да ја купи. Опозицијата мора да се претвори во оперативен систем на вредности, демонстрирајќи институционална супериорност преку стратешко дистанцирање од „правилата на игра“ на режимот, и тоа е единствениот начин таа да престане да биде декор во системот и да стане негова суштинска алтернатива.

Текстот е сопственост на Либертас.мк

Ана Чупеска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

ВЕСТИ January 27, 2026

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија…

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

January 27, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.