Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи излезе со обвинување до САД и Талибанците, велејќи дека тие се виновни за сеење страв за Авганистан по 2014 година, јавува Би-Би-Си.
Тој рече дека самоубиствените напади на талибанците вчера биле насочени кон заплашување кои ќе го прододлжат присуството на меѓународните сили во Авганистан.
Според плановите, ставање крај на борбените мисии е предвидено 2014 година.
Карзаи ја откажал планираната прес-конференција со американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.
Претседателската палата како причина наведе притисоци од агендата, додека американски официјални лица ја наведуваат загриженоста за безбедноста.